Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина – одговор на Русија

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 13, 2022 16:12

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус. Честитки доаѓаат и од лидерите на ЕУ кои тоа го гледаат како нова шанса за земјата. Наградата за долгогодишното неработење конечно се исплатеше – прашање е само кому, пишува во својата првична оцена Дојче Веле.

Меѓу првите честитки што пристигнаа од врвот на Европската унија беше онаа на Јоханес Хан, поранешен комесар за проширување, а сега комесар за буџет, кој го изрази своето задоволство што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус.

„Многу ми е драго што слушнав дека Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус на својот пат кон ЕУ. Искористете ја оваа свежа мотивација и моментум сега за да се справите со значајните предизвици кои претстојат, мои босански пријатели“, напиша Хан на својот профил на Твитер.

Предизвиците со кои се соочува БиХ во никој случај не беа лесни. Реформите што требаше да се спроведат во областа на правдата, владеењето на правото, човековите права, јавната администрација – не се исполнети, а 14-те приоритети поставени од ЕУ пред неколку години за добивање кандидатски статус, останаа само мртва буква на хартија.

Аналитичарите со кои разговараше Дојче Веле се прашуваат дали, со оглед на фијаското на повеќето реформи, кандидатскиот статус е само награда за неактивноста на домашните политичари.

„Работите се сосема јасни“, вели Тања Топиќ, политички аналитичар од Бања Лука. „Европската унија сака да покаже дека Босна и Херцеговина припаѓа на европското семејство и покрај фалсификуваните избори и неуспехот на интегритетот на изборниот процес, и покрај тоа што во земјата не постои ниту владеење на правото, и покрај тоа што по корупција сме на самиот врв на Европа и покрај тоа што нашиот Устав е дискриминаторски, бидејќи на секој чекор се кршат индивидуалните права и покрај тоа што овде европските вредности се ментална именка“, вели Топиќ, нагласувајќи истовремено дека Босна и Херцеговина е само прашање на повисоки интереси.

„Очигледно е дека домашните „гаранти на стабилноста“ сакаат да ги одоброволат во контекст на руската агресија врз Украина, за да ги избегнат можните последици од тие настани и да ја скротат Босна и Херцеговина ставајќи ја под надзор на ЕУ“, заклучува Топиќ.

Неспорно е дека кандидатскиот статус е ветер во грбот на целата држава, која трета деценија не може да се помести од мртва точка кога се во прашање владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, се согласува експертската јавност. БиХ го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2008 година, по што требаше да започне реформскиот процес. Четиринаесет години подоцна, Босна и Херцеговина доби кандидатски статус, а истиот број приоритети што беа поставени претходно беа намалени на осум.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, неодамна во интервју за весникот „Велт“ изјави дека се надева оти кандидатскиот статус ќе ги поттикне луѓето да останат во Босна и Херцеговина. Тој зборуваше и за намерата на властите во БиХ да работат на реформите, но и дека вистинската работа допрва следи.

„Најголемата пречка ќе дојде по стекнувањето кандидатски статус, кога ќе треба се работи на елиминирање на очигледната дискриминација во земјата“, рече Шмит и објасни: „Според Уставот на Босна и Херцеговина, претседател може да биде само Хрват, Србин или Бошњак. Сограѓаните Евреи, на пример, не смеат ни да се кандидираат за функција. „Уште пред многу години Европскиот суд за човекови бараше ова конечно да се промени“, заклучува Шмит.

А што се однесува до ставовите на политичарите од Босна и Херцеговина кога станува збор за кандидатскиот статус, интересен е нивниот вечен оптимизам и убедување дека она што го направија во претходните години беше најдоброто што можеа да го направат.

„Тоа е последица на нашиот афирмативен пристап кон она што го правиме, кога е во прашање брзината на формирање влада“, кусо коментираше лидерот на ХДЗ, Драган Човиќ. Неговиот политички партнер и прв човек на СНСД, Милорад Додик, иако ја поздравува одлуката, и самиот не разбира како е можно Босна и Херцеговина после се да добие зелено светло.

„Секако дека го поддржувам, но тоа е различно од она што нè учеа сите овие 20 години. Многу работи ќе ми останат нејасни“, заклучи Додик, алудирајќи на присуството на меѓународни претставници во Босна и Херцеговина, по добивањето кандидатски статус.

Извор: Дојче Веле

БиХ Јоханес Хан кандидатски статус Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.