НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џачка апелира до САД И ЕУ да инсистираат на дијалог за Косово, а Курти и Вучиќ да разговараат

0
By Marta Pesevska on December 28, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото извор: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка повторно реагираше на тензиите на северот на Косово, но овој пат со поблаг тон во споредба со синоќешната реакција, јави дописничката на МИА од Тирана.

 

Таа апелира до САД и ЕУ да инсистираат на дијалог, а косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат.
 – Ги повикуваме двајцата лидери да седнат и да разговараат, а ЕУ/САД бараме да инсистираат на тоа. Сè друго освен дијалог е осудено на неуспех, за жал. Следејќи ја секоја минута оваа тажна сцена на вештачки продолжената криза на северот на Косово ние сме длабоко загрижени од ескалацијата на тензиите, пишува Џачка.
Меѓу другото, таа пишува дека „Србија треба да престане да го поддржува поставувањето барикади со неоправдани причини“.
Порачува дека „барикадите не штитат ниту еден Србин на Косово, туку ја поткопуваат нашата заедничка иднина”.
– Ниту војската на Србија ќе влезе во Косово, ниту војската на Косово ќе влезе во каков било вооружен судир. Се работи за претстава на домашната политика и нема никаква врска со интересите на обичните луѓе. Ова е крајно опасно и мора да се запре за доброто на целиот наш регион, порача Џачка.
Таа додаде дека Албанците и Србите се двата најголеми народи во овој регион и тие се „осудени“ да најдат стабилен пат кон заедничка иднина.
Претходно реагираше нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ во врска со нејзината синоќешна реакција во која таа вели дека Албанија го поддржува Косово и ги повика „српските власти да не ги оправдуваат ниту барикадите, ниту криминалните групи кои одбиваат да ги отстранат“.
Дачиќ ја обвини Џачка дека го охрабрува премиерот на Косово да продолжи со провокациите.
Извор: МИА
Албин Курти Александар Вучиќ ЕУ Косово Олта Џачка САД тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.