НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Маргарет Тачер за Путин во 2000 година: Се обидував да најдам траги на човечност на неговото лице , тој воошто не го вреднува човечкиот живот

0
By Ана Василевска on January 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Маргарет Тачер
Маргарет Тачер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер уште во 2000 година го проценила карактерот на рускиот претседател Владимир Путин и неговото непочитување и незаинтересираност за човечките животи.

Во видеото кое стана популарно на социјалните мрежи, Тачер го коментира Путин по тонењето на руската подморница „Курск“ и неговата незаинтересираност да реагира и помогне на морнарите. Додека 118 членови на екипажот на подморницата со денови се бореа за живот, рускиот претседател тогаш не сакаше да си го прекине одморот во Сочи и реакцијата на властите беше задоцнета.


„Доколку таков настан се случи на Западот, вооружените сили веднаш ќе отидат таму и ќе приберат се. Политичарите ќе се соберат и ќе организираат помош, без разлика што е потребно. Ќе има вознемиреност, бидејќи проблемот тогаш не е тонењето на подморницата, туку спасувањето на животите на тие што се внатре“ рекла Тачер.

Таа сепак истакнува дека реакцијата на Путин била сосема спротивно од тоа, бидејќи Русија тогаш не реагираше брзо и не се обиде да мобилизира и добие помош.

„Не знаевме дали им е потребна наша помош. Ние бевме подготвени да одиме и да помогнеме, да ги испратиме нашите мали подморници кои служат токму за вакви настани. Но нивната бавна реакција само покажува дека во Русија, како и во Советскиот сојуз не го ценат човечкиот живот на ист начин како што тоа го прави западот“ рече Тачер.

Критики за бавната реакција на руските власти при тонењето на подморницата „Круск“ пристигнаа од сите страни, па дури и од руското општество, а според анализите на британската и норвешката подморница, кои сепак беа повикани за извлекување на подморницата, постоеле траги дека можеби имало преживеани и неколку дена по несреќата.

Во несреќата загинаа сите 118 членови на екипажот на „Курск“, а изјавата и проценката на Тачер уште тогаш се покажа како вистинска и своевидно предвидување за незаинтересираноста и негрижата на Путин за човечките животи.

Минатата година Русија започна воена агресија врз Украина со цел задоволување на империјалистичките желби на Путин при што животот го загубија над седум илјади цивили и повеќе од 200.000 војници од двете страни, а речиси осум милиони жители мора да ја напуштат Украина.

Владимир Путин Војна во Украина Маргарет Тачер Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.