Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Спасовски борбата против шверцот со дрога останува приоритет

0
By Marta Pesevska on January 21, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 21, 2023 10:58
Припадниците на Министерството за внатрешни работи минатата година заплениле 2,4 тони дрога со вкупна вредност од околу шест милиони евра, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Најголемиот дел од заплените се марихуана, меѓутоа имаме и хашиш, имаме и кокаин, има и хероин, амфетамини и околу 20 тони прекурсори за производство на синтетичка дрога. Пред 2,5 месеци имавме уништено најголема количина од 90-та година до денеска на дрога – некаде 10,3 тони наркотична дрога. Имаме притоа спречено неколку меѓународни транспорти на дрога по меѓународни канали кои поминуваат од соседството. Сето тоа останува приоритет и во наредниот период за овие криминални структури кои се занимаваат со разни видови на криминали да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Плус.
Тој потенцир дека 2022 за МВР беше успешна година, не само во делот на сузбивањето на трговијата со дрога и оружје, туку и  генерално.

-Ако имате податок од шест отсто намалување на вкупниот број на кривични дела и 18 отсто на зголемување на ефикасноста споредено со 2021 година, тоа покажува дека активностите кои се преземаат во континуитет даваат резултати, а 2021 година беше година во која што имавме најдобри резултати во последните 30 години од независноста на државата до денес. Ако во 2022 година има подобри резултати, тоа значи дека сега се тие уште подобри, односно тие се најдобри во последните години. И тоа треба да ни биде целта. Еве сега, во првите денови од јануари, покрај многуте празници, се посветуваме и самите на себе како институција. Секојдневно имаме координативни средби со колегите на кои што практично ги анализираме овие состојби и ги задаваме стратешките приоритети за тековната 2023 година, истакна министерот за внатрешни работи.

Спасовски подвлече дека борбата против трговијата со дрога и оружје ќе биде еден од врвните приоритети и годинава.
Извор: МИА
дрога Кривични дела криминал МВР Оливер Спасовски шверц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.