Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуланд: Украина се бори храбро, над 50 земји ѝ обезбедија десетици милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош

0
By Jane Gjorgioski on February 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Нуланд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 21:09

Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетично, а Украина спрема своја офанзива, изјави денеска во текот на телефонски брифинг за новинарите, Викторија Нуланд, помошничка државен секретар за политички работи на САД. 

Во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, таа рече „колку е тешко да се помисли дека оваа војна трае веќе цела година“. 

-Но не само тоа што Украина се бори храбро, денес над 50 земји обезбедија десетици милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош за неа, изјави таа. 

-Путин сeриозно ги потцени Украинците и слободниот свет… и додека претседателот на Украина истакна десет точки, формула за праведен мир, Русија продолжува да зборува за лажен мир, рече таа. 

Додаде дека она што САД го бараат е траен мир во кој Украина не само што ќе преживее туку и ќе напредува во своите меѓународно признати граници.  

-Нема да прифатиме никаков лажен или фалсифициран мир во кој Русија ќе можа да се соземе, регрупира и врати. 

Таа истaкна дека војната продолжува „измачувачки на истокот. Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетично. Украина самата се подготвува за своја офанзива подоцна“. 

Таа рече дека „салутира“ на храброста и пожртвуваноста на украинскиот народ, воден од претседателот Зеленски. 

-Не само што тие се борат на военото поле, туку тие ја издржуваат оваа насилна ескалација што Путин ја започна против нив во форма на напад на енергетски и друга критична инфраструктура. Неселективно напаѓајќи цивили, бомбардирајќи градови, и секако злотворната, злотворната филтрација на украинските деца во Русија, тие треба да се засрамат, рече таа.

Во текот на брифингот таа се осврна и на прашања за вооружувањето на Украинците, новите санкции против Русија што треба да бидат објавени идната недела на 24 февруари и изгледите за окончување на војната во 2023 година. 

Викторија Нуланд Русија САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.