Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативата Отворен Балкан овозможи раст на трговската размена за речиси 30 проценти

0
By Ана Василевска on April 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 24, 2023 14:37

Иницијативата „Отворен Балкан“ досега овозможи извозот или увозот на прехранбени производи меѓу земјите-членки да се намали до 50 отсто, директните трошоци за даноци и такси се намалени до 80 отсто, што резултираше со зголемување на трговската размена во регионот на Отворен Балкан за речиси 30 отсто, покажа денеска истражувањето на Американските стопански комори (AmCham) во Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Иницијативата Отворен Балкан претставува одлична можност за либерализација на капиталните текови, бидејќи ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, како и за проширување на инвестициите“, рече претседателот на Амчам, Стефан Лазаревиќ, на конференцијата „Регионална економска соработка, Отворен Балкан: што може да очекува економијата?“.

Тој додаде дека е неопходно иницијативата Отворен Балкан да се прошири на сите пазари во Западен Балкан, со цел економската интеграција да биде уште поуспешна.

Лазаревиќ изјави и дека бизнис заедницата очекува многу од имплементацијата на постигнатите договори во доменот на слободен пристап до пазарот на трудот.

Тој потсети дека иницијативата Отворен Балкан има за цел да создаде единствен регионален пазар заснован на принципите и вредностите на кои се заснова единствениот пазар на Европската унија, а тоа се слободата на движење на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ истакна дека Отворениот Балкан е „еден од најважните аспекти на српската економска политика“.

„Поврзувањето на пазарите и интеграцијата на регионално и европско ниво немаат алтернатива. Секој друг пат е пат кон неизвесност, пат кон економска и политичка стагнација“, рече Момировиќ.

Тој додаде дека затоа Србија е решена на секој начин да го поврзе регионалниот пазар, потсетувајќи дека Отворен Балкан е иницијатива на лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија, односно не е наметната однадвор.

„Отворениот Балкан доведе до тоа денес Србија и Албанија да имаат најдобри политички односи во својата историја“, рече министерот за трговија на Србија и посочи дека Владата на Србија нема да се откаже од регионалните интеграции.

Албанија отворен балкан Северна Македонија Србија Трговска размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.