НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: Од утрово 1.800 полицајци во училиштата, денеска погреб на четири деца

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
фото: Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска ќе бидат погребани четири од осумте деца кои во пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград ги уби разулавениот Коста К.(13).

За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја зацрнија Србија. Четворица ученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ во саботата се испратени на вечното почивалиште во Белград. Во Мали Орашје и Младеновац беа погребани осум лица кои беа брутално ликвидирани од Урош Б. во крвавиот пир што траеше со часови, меѓу нив и полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина и неговиот пријател Далибор Т. За два дена 17 лица беа убиени во Србија.

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен основното училиште во Врачар, местото на големата трагедија. Владините мерки стапуваат на сила, а утрово полицајци се распоредени во сите 1.800 училишта во земјава. Тие ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, пишува Блиц.рс.

Во сите училишта во Србија од денеска од 8 часот до завршување на наставата ќе бидат присутни полициски службеници кои превентивно ќе делуваат, изјави државниот секретар во МВР Данило Стевандиќ.

Ангажирањето на дополнителни 1.200 полицајци, вели тој, ќе обезбеди секое училиште да има полицаец кој ќе се грижи за безбедноста на учениците и вработените.

На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, а вратата од училиштето ја отвораат само вработените. Настава нема, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од пониските одделенија, од прво до четврто одделение. Наставата за сите ученици треба да започне во среда на 10 мај, седми ден од невидената трагедија во училиштата во Србија.

На деветте пациенти кои се здобија со тешки телесни повреди во масовното пукање во Младеновац, им е укажана помош во Клиничкиот центар на Србија, а четворица се извадени од апарати за дишење и се во подобра здравствена состојба, еден од пациентите дури е испратен на домашно лекување.

Двајца пациенти се уште се во тешка состојба, едниот е со тешки повреди на црниот дроб, бубрезите и колената, додека едно девојче е со тешки повреди на главата и очите.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги повика граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска, 8 мај, до 8 јуни годинава, да го предадат во најблиската полициска станица.

Во овој период граѓаните кои ќе го предадат нерегистрираното оружје нема да одговараат ниту кривично, ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.

Извор: Н1

Масовни убиства во Србија оружје погреб Србија убиени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.