Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Војната во Украина поттикна проширување на ЕУ

0
By Gabi Tocko on June 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 21:38

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-дебатата „Европски фронт“, организирана по повод годишнината на ДУИ.

Таа пред присутните истакна дека кога станува збор за влезот на нашата земја во Европската унија таа одбира да биде оптимист и покрај сите искуства кои се позади нас.

Јас после толку години избирам сѐ уште да сум оптимист, кој има многу добри и лоши искуства. Тие искуства ме научиле дека за млади, независни држави сѐ е потешко и дека е џабе да плачеме, истакна Шеќеринска.

Според неа, малите и млади држави мора да научат да ја читаат геополитичката карта и сами да ја изодат, велејќи дека кога големи и важни држави прават стратешки грешки – тоа се грешки, но кога мали и млади држави прават стратешки грешки – тоа е катастрофа.

Таа се осврна и на ситуацијата во Украина за која рече дека ќе влијае на проширувањето на Европската Унија.

Прашање кое се поставува во јавноста е дали стварно војната во Украина ја смени толку геополитичката карта што сега има поголем апетит за проширување, одговорот е апсолутно да. Тешко е да се прогнозира колку тој апетит ќе трае, тешко е да се прогнозира во каква форма ќе биде, ама ако малку сме ги следеле проширувањата ќе видиме дека Европската Унија е родена и проширена во војна. Уште во тек на Втората светска војна идејата за ЕУ е создадена, потенцираше Шеќеринска.

Поранешната министерка за одбрана истакна дека шансата треба да се искористи и дека тоа нема да го направат сите земји на Западен Балкан, заклучувајќи дека сите присутни на панел-дебатата „Европски фронт“ немаат дилеми дека Северна Македонија треба да ги направи уставните измени за да си даде шанса да го почне и заврши целиот процес на преговарање.

дебата ЕУ Македонија проширување Украина Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.