НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ ја повика Русија да го запре присилното префрлање деца од Украина

0
By Marija Todorovska on February 8, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот на Обединетите нации за правата на детето (УНИЦЕФ) денеска ја повика Русија да го запре насилното пренесување деца од окупираните територии на Украина, бидејќи, како што наведува, тоа е кршење на меѓународното право, и затоа бара да ги врати на нивните семејства.

УНИЦЕФ, во својот извештај за Русија, нагласува дека Москва треба да обезбеди податоци за точниот број на деца земени од Украина и каде тие во моментов се наоѓаат, за да можат да бидат идентификувани и вратени.

Комитетот, исто така, соопшти дека Русија треба да се погрижи ниту едно дете да не биде лишено од украинската националност и дека нивниот идентитет, име и семејни односи мора да бидат зачувани.

Русија ги отфрли обвинувањата за присилна депортација на деца, велејќи дека тоа е само заштита на децата кои биле изложени на ризик во зоната на конфликтот.

Киев наведува дека досега 20.000 деца се однесени од Украина во Русија без согласност на нивните семејства или старатели, а Меѓународниот кривичен суд (МКС) бара апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради наводната незаконитост на депортациите.

Минатиот март МКС издаде налози за апсење на Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова под обвинение за незаконско депортирање деца од Украина.

Главниот обвинител на МКС притоа кажа дека Русија префрлила „најмалку стотици“ деца од сиропиталишта во окупираните региони на Украина.

Кремљ ги отфрли наводите на МКС како „безобразни и неприфатливи“.

деца Русија Украина УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.