За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на гласањето, кое се одржало денеска во Хаг, нашата кандидатура освоила 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.