Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целиот свет е соочен со недостиг на органи, а сѐ повеќе пациенти со потребна неопходна трансплантација

0
By Marija Todorovska on December 13, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2024 09:24

На сѐ повеќе пациенти им е неопходна трансплантација на органи, но, целиот свет е соочен со недостиг на органи што би можеле да се трансплантираат и затоа е многу важно да се зголеми свеста и да има што повеќе трансплантации од починат донор со мозочна смрт, вели во интервју за МИА, проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, специјалист по анестезиологија со реанимација од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Медицинскиот факултет при УКИМ.

– Ова е многу важна тема заради тоа што за тоа ретко се разговара, а сепак во медицината е многу важна. Сѐ повеќе има пациенти на кои им е потребна неопходна трансплантација на органи или за продолжување на животот или за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Меѓутоа, она со што се соочува целиот свет е недостиг на органи што би можеле да се трансплантираат и заради тоа се воведува методата кадаверична трансплантација или трансплантација од починат донор, појаснува Кузмановска.

Според Кузмановска, потребно пред сѐ е да се зголемат свеста и здравствената едукација на населението што значи трансплантација од починат донор.

– Починат донор не може да биде секој човек кој починал во домашни услови, надвор од интензивна, во болнички услови. Починат донор може да биде само пациент кај кого е дијагностицирана мозочна смрт. Тоа значи дека во мозокот нема циркулација на крв, мозокот не се исхранува и практично е мртов, а се одржува во интензивна нега благодарение на респиратор и лекови, значи по вештачки пат се одржува сѐ уште срцето, белите дробови и циркулацијата, појаснува Кузмановска.

Во интервјуто, Кузмановска говори и за тоа како стоиме по бројот на трансплантации во однос на регионот и пошироко, за соработката со хрватското здравство и со какви проблеми се соочува процесот на трансплантација и како тие да се надминат.

Билјана Кузмановска Клинички центар Мајка Тереза Органи трансплатација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.