НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пророштвото на Џорџ Кенан

0
By Marija Todorovska on March 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На американската ера во меѓународната политика, ние малите држави на Источна Европа, ќе се сеќаваме со носталгија. Беа тоа добри времиња за нас. Мирот и просперитетот на Македонија,на Балканот, како впрочем и на земјите на ЕУ, беше гарантиран од, кон нас, бенигното чудовиште преку Атлантикот.

Денко Малески

Џорџ Кенан, американски амбасадор во Москва, се вклучува во дебатата за идните односи помеѓу Америка и СССР после Втората светска војна. Во анонимен текст потпишан како „X“, објавен во „Форен Аферс“, го изложува своето мислење дека Америка не треба да го искористи фактот дека има монопол над нуклеарното оружје за да го нападне Советскиот Сојуз, туку треба да се определи за „стратегијата на ограничување“ („containment strategy“ ) со цел да го спречи ширењето на комунизмот. Неговата, исправна стратегија која одбегна војна, доведе до победа на Америка четри децении подоцна под претседателство на Роналд Реган. Какви треба да бидат новите односи помеѓу Америка и Русија после падот на Берлинскиот зид? Во средиштето на оваа дилема беше дали треба НАТО да се шири во Источна Европа или да се размислува за нова безбедносна архитектура на европскиот континент заедно со Русија. Надвладеа логиката на силата, па америкаската моќ го исполни безбедносниот вакуум создаден по повлекувањето на руските војски. Набргу, американскиот сенат даде одобрување за оваа политика на ширење на американската моќ во Источна Европа, до границите на Русија.

Што мисли брилијантниот државник Џорџ Кенан за овој потег на американската надворешна политика? Со бистар ум на 94, Кенан, во 1998, му дава интервју на Том Фридман од „Њујорк Тајмс“ во кој кажува пророчки мисли.„Мислам дека ова е почеток на нова студена војна.Мислам дека Русите постепено ќе реагираат непријателски и дека тоа ќе влијае врз нивните политики.Мислам дека ова е трагична грешка. Немаше баш никаква причина за ова.Никој не загрозуваше никого. Заради оваа експанзија татковците-основачи на Републиката ќе се превртуваат во нивните гробови. Ставивме потпис да штитиме цела група држави иако ги немаме ниту ресурсите ниту намерата да го сториме тоа на било каков сериозен начин. (Експанзијата на НАТО) е само прелесна одлука на Сенат кој нема вистински интерес за надворешни работи. Она што ме вознемирува е колку површна и слабо информирана беше дебатата во Сенатот. Особено ме вознемири именувањето на Русија како земја која умира од желба да ја нападне Западна Европа. Зарем луѓето не разбираат? Нашите разлики во времето на Студената војна беа со советскиот комунистички режим. А сега им го вртиме грбот на луѓето кои ја изведоа најголемата бескрвна револуција во историјата, за да се ослободат од советскиот режим. Руската демократија е исто толку напредната колку што е и онаа на државите за кои потпишавме дека ќе ги браниме од Русија. Сето ова покажува толку малку познавање на руска историја и на советска историја. Се разбираа дека ќе има лоша реакција од Русија, а потоа, (проширувачите на НАТО ), ќе речат ви кажавме какви се Русите – но сето ова е погрешно“.

Се се случи токму како што предвиде Џорџ Кенан во односите помеѓу Америка и Русија. А, сепак, на американската ера во меѓународната политика, ние малите држави на Источна Европа, ќе се сеќаваме со носталгија. Беа тоа добри времиња за нас. Мирот и просперитетот на Македонија,на Балканот, како впрочем и на земјите на ЕУ, беше гарантиран од, кон нас, бенигното чудовиште преку Атлантикот. Со исукана сабја во светот на Хобс, Америка победи во Студената војна, додека европските држави, под нејзиниот безбедносен чадор, живеејќи во светот на Кант, ја унапредуваа својата благосостојба и демократија. Да, сите ние живеевме во мир, кој беше „хегемонски мир“, во свет во кој единствената голема сила беше Америка. Цената на тој мир за нас и останатите европски и балкански „вазали“, беше поддршка и за глобална доминација на САД. Тука е нашата грешка? Не би рекол. Како ехо на зборовите на Кенан, Џефри Сакс на своето предавање во европскиот парламент некни ќе изјави дека експанзијата на НАТО во деведесеттите е причината за руската инвазија на Украина во февруари 2022. Но, полскиот пратеник во европскиот парламент му реплицираше дека Полска, како и сите држави од Источна Европа, сакаше да се засолни под бебедносниот чадор на Америка, светскиот хегемон кој нудеше безбедносни гаранции . Да имавме македонски пратеник во европскиот парламент и тој ќе можеше да го каже истото.Од аспект на безбедносниот интерес на малите земји ова беше целосно исправна политика. Америка е таа која мораше да мисли поинаку, ќе речат Сакс, Мершајмер и останатите американски реалисти. Мораше да мисли стратешки, што ќе рече долгорочно,како Џорџ Кенан, брилијантниот дипломат и стратег. Каков ќе беше Балканот без американската моќ, што ќе беше со Македонија и како и дали ќе се изградеше безбедносна структура за Европа заедно со Русија а не против неа? Се редат безброј прашања… Но, нема никогаш да дознаеме за нешто што не се случило.

Текстот е сопственост на Либертас 

Денко Малески Запад НАТО руска инвазија САД СССР Џорџ Кенан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.