Рим: По 15-минутната средба во базиликата Свети Петар во Ватикан помеѓу украинскиот и американскиот претседател Пред погребот на папата Франциск, Володимир Зеленски и Доналд Трамп се сретнаа со францускиот претседател и британскиот премиер.
Можам да потврдам дека претседателот Макрон разговараше со Трамп, Зеленски и Стармер и оти разговорот беше позитивен, изјави претставник на Елисејската палата.
Претходно, Белата куќа средбата Трамп – Зеленски ја оцени како „многу продуктивна“.
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров најави дека во текот на денот ќе има уште една средба помеѓу Зеленски и Трамп.
Лидерите се согласија да ги продолжат разговорите денеска. Тимовите работат на организирање на продолжението на состанокот, посочи Никофоров.