НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескалираше ситуацијата во Србија, жестоки судири помеѓу полицијата и демонстрантите, Вучиќ смирува „нема да има граѓанска војна“

0
By Marija Todorovska on August 14, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќа во Белград, Нови Сад и неколку други места дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа пред канцелариите на СНС и нејзиниот коалициски партнер во владата, СПС.

Поддржувачите на СНС, вооружени со палки, фрлаа ракети и огномет врз антивладините демонстранти во Нови Сад, а во новиот дел на Белград, полицијата употреби солзавец за да ги растера собраните пред канцелариите на владејачката партија.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Антивладините демонстранти прво се собраа пред седиштето на СНС во Нов Белград, а потоа група одеднаш се упати кон просториите на истата партија недалеку, поставувајќи контејнери и блокирајќи ги улиците.

Потоа полицијата се групираше и дојде во просториите на СНС и, употребувајќи солзавец, ја растера групата демонстранти, по што дојде до неколку блиски пресметки.

Пред полициските кордони, демонстрантите скандираа слогани против српскиот претседател и владејачкиот режим.

Многумина ја критикуваа полицијата за „заштита на криминалци и крадци“ и ги прашаа: „Дали знаете кого штитите?“

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Во Ниш, Смедерево, Крагуевац, Краљево, Панчево и други градови, полициски кордони го обезбедуваа седиштето на СНС, пред кое имаше повремени тепачки со демонстрантите.

Тензично беше и во центарот на Белград, во близина на српскиот парламент, каде што Александар Вучиќ им се придружи на поддржувачите на СНС во текот на вечерта.

Во шаторскиот камп на поддржувачи на СНС во паркот Пионирски, подигнат минатата зима, Вучиќ, опкружен со обезбедување, се обрати на толпата, а таму беше и неговиот брат Андреј Вучиќ, кој дојде придружувн од група луѓе, објави телевизијата Н1 .

Вучиќ тврди дека во немирите биле повредени 16 полицајци, како и „64 повредени граѓани во просториите на СНС“.

Тој  не спомена никаков напад инициран од поддржувачи на СНС, кои синоќа пукаа со разни пиротехнички средства кон граѓаните кои протестираа пред простории на СНС во градови низ цела Србија.

Српскиот претседател нагласи дека „нема да има граѓанска војна“ и повика на разговор.  Ги обвини демонстрантите дека „се организираат за тепање и убивање“ на политички неистомисленици.

„Не ни помисливме да ја извадиме војската и нема потреба. Нема да има граѓанска војна. Ги поканувам да седнат и да разговараат“, рече Вучиќ.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Не е познато колку демонстранти биле приведени.

На повик на студентите, антивладините демонстранти излегоа на улиците во неколку градови во Србија за да протестираат против, како што рекоа, насилството врз демонстрантите во Врбас во Бачка Паланка еден ден претходно, на 12 август, од каде што инсерти покажуваат дека поддржувачите на владата и симпатизери на СНС фрлаа факели, камења и шишиња кон демонстрантите кои одговорија со разни предмети.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Опозициското движење „Крени-Промени“ соопшти дека поддржувачите на Вучиќ се одговорни за судирите. „Нападите врз луѓе со пиротехнички средства го нарушуваат нивното право на живот и протест“, се вели во соопштението.

Протестите против корупцијата ја потресуваат Србија од 1 ноември 2024 година, кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, и загинаа 16 луѓе.

Белград Вучиќ демонстранти напади Нови Сад СНС спс Србија студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.