Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши: Евроинтеграцијата не се гради во Брисел туку дома / Филипче: Реформи нема и само го губиме времето

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 12:00

Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши на осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), одржана денеска во Собранието.

Гаши нагласи дека ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е реален и достижен.

 Нашиот натпревар не треба да се одвива во реторика, туку во изнаоѓање заеднички решенија за заедничките проблеми, истакна тој.

Претседателот на Националниот совет за европска интеграција, Венко Филипче, предупреди дека државата губи време поради недостиг на политичка волја за суштински реформи.

Јасно кажува извештајот на ЕУ, реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои државата ги добила, рече Филипче, нагласувајќи дека нема напредок во клучни области како правосудството, борбата против корупцијата и медиумските реформи.

Тој додаде дека е неопходен широк политички консензус за спроведување на реформите и уставните измени, бидејќи, како што рече, Собранието е единственото место каде што треба да се постигне договор за европската иднина на земјата.

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања Игор Здравковски истакна дека Националната конвенција е клучен форум за инклузивна јавна дебата, каде се вклучени Владата, Парламентот, граѓанското општество и академијата.

 Реформите мора да продолжат, бидејќи секој застој или отстапување од европските реформи ќе нè турне во ќорсокак и ќе значи само загубено време и енергија, истакна тој, потсетувајќи дека Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од ЕК, обезбедува финансиска помош за инклузивни и одржливи реформи.

Потенцира дека законот во сферата на правната држава мора да биде резултат на широк политички, експертски и општествен консензус.

Според него, злоупотребата на европското знаменце веќе нема да се случува, а Собранието ќе биде гарант за транспарентен и предвидлив процес.

 Прво да си ја завршиме домашната задача, а потоа да гледаме кон дијалог, заклучи тој.

Настанот се одржува под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“, со учество на пратеници, амбасадори, експерти од правосудството, академици и претставници од Словачка, Албанија и Србија.

 

време Гаши Дома ЕУ реформи Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.