Меѓународната заедница, граѓаните и медумите будно да ја следат работата на Државната изборна комисија, повика денеска опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој изрази сомнеж дека можно е во ДИК да се случи политичко насилие со политичко надгласување, со што би се одлучило голем број спорни гласачи кои треба да се избришат, всушност да опстојат на избирачкиот список.
-Јас за жал очекувам дека ДИК денеска со мнозинство гласови да гласа дека треба да опстојат. Овој врв на апсурдност и катарза се надевам ќе биде овозоможена да се случи пред граѓаните, ако не дај боже токму тоа се случи. Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во независната ДИК, ако тоа се случи тоа е врв на апсурдноста.
Секако само по основот на прашањето „Никој не живее на наведената адресата/ на адресата не живее лице со наведените податоци и испитанокот живее тука, но починал се вкупно 10 938 гласачи и тие треба да се избришат. На прашањето „Испитанокот живее тука и се иселил во друга адреса или од странство“, некаде е бројка од 27 317 гласачи.
Зарем тоа не е доволен основ тие граѓани да имаат право на глас, но да бидат во вториот дел на Избирачкиот список како граѓани кои живеат надвор од Македонија, а се со праов на глас. Очекувам ДИК да работи по закон и методологија, на јанви седници пред очите на македонската јавност, порача Заев.
Опозицијата останува на ставот дека минимум услови за фер избори се реформи во медиумите, разграничување на партијата од државата и регуларни избори со прочистен Избирачки список. Токму во таа насока, вели Заев се и преговорите кои се одвиваат со меѓународната заедница по одлуката опозицијата да не учествува на избори.
На новинарско прашање дали е можно Собранието да се свика повторно, откако веќе е распуштено, Заев тврди дека тоа е законски возможно.
-Правото да распише избори Вељаноски го црпи од пратеничкиот мандат, тој знам дека ќе патува на 14. април. Тоа е поради пратеничкиот мандат кој е еднаков со сите пратеници. уставот и законите ниту забрануваат – ниту прават пречка за свикување на Собранието. Пратениците имаат мандат до изборот и верификацијата на новите пратеници. Согласно тоа постои отворена врата Парламентот да се свика, ако не друго поважно од тоа дека нема обезбедено услови за регуларни избори – здравје, значи пресериозна е причината за свикување на Парламентот.
Што ако деветте члена на ДИК си дадат оставка во моментот? Дали тоа значи дека нема правен механизам – се свикува Собранието и бира нови членови на ДИК и тоа е апсолутно дозволено, секако, ако постои само политичка волја, смета Заев.
Во моментов тече и јавната седница на Државната изборна комисија на коај се разгледува прогресот во Избирачкиот список, а до распишување на изборите остануваат уште 4 дена.
Од одлуката на ДИК ќе зависи дали изборите ќе се одржат на 5. јуни или не, а претседателот на ДИК – Александар Чичаковски минатата недела изјави дека тој нема да стави потпис на Избирачкиот список, дури ако на него има и само еден спорен гласач.
Инаку на Граѓанската платформа за демократска Македонија за враќање на слободата и демократија, која ја потпиша лидерот на СДСМ со дел од партиите, а се однесува на бојкот на изборите, од денеска се приклучува и Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски. Заев посочи дека можно е коалицирање со Цаноски на следните избори кои би се одржале во фер услови.
Од друга страна, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека условите се исполнети и изборите треба и мора да се одржат на 5. јуни.