НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Во преговорите во Виена да биде вклучен и граѓанскиот сектор

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) реагира дека со договорот од Пржино власта манипулира и не го спроведува. Според нив, жално е што агонијата на македонските граѓани продолжува и понатаму со сѐ посилен интензитет, па затоа на закажаните преговори на политичките лидери со меѓународните посредници во Виена задолжително сметаат дека треба да има и претставници на граѓанскиот сектор.

„ФРОДЕМ од медијаторите и претставници на ЕУ и САД бара во преговорите во Виена да бидат вклучени и претставници претставници на граѓанските организации и асоцијации, (вклучително и ФРОДЕМ и слични организации, движења и фракции за демократизација). Резултат на оваа средба треба да бидат цврсти гаранции и рокови за примената на договорот од Пржино, заедно со значајни дополненија со кои ќе се создаат реални предсулови за излез од кризата.

Потписниците на договорот треба да гарантираат: Поништување на донесените акти за аболиција и повлекување од функцијата од страна на Ѓ. Иванов поради нанесената несогледлива штета на Република Македонија, Целосно овозможување на условите за професионална работа на Специјалното јавно обвинителство, особено во смисла на соработка со институции и судови, отстранување на заканите за нејзиното работење кои доаѓаат од страна на Уставниот суд на РМ и спроведување санкции и барање одговорност од Советот на јавни обвинители, Формирање на техничка влада која на крајот на месец септември ќе спроведе фер, демократски и регуларни парламентарни и претседателски избори.“ се вели во соопштението.

Од ФРОДЕМ исто така велат дека потписниците треба да гарантираат доследно спроведување на останатите договорени обврски од договорот од Пржино (департизација на администрацијата, со посебен нагласок на правосудството, прочистен избирачки сисок и демонополизиација и регулација на медиумскиот простор), формирање на специјален Суд односно посебно судско одделение во рамките на постојниот кривичен суд надлежно за судење на случаите кои ке произлезат од прислушуваните разговори, доследно спроведување на определбата за евроатланска интеграција, на која основа сите партии добија неподелена поддршка на претходните избори.

 

политичка криза Пржино ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.