НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски денеска ќе добие покана за распит во суд за случајот Космос

2
By Нова ТВ on June 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс премиерот Никола Груевски денеска ќе биде повикан на распит во Кривичниот суд во Скопје. Освен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исказ во судот треба да дадат и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски. Сите тие се осомничени во случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство под кодно име Т.Н.Т., односно предметот за уривањето на комплексот Космос на Фиат Цаноски.

Од Судот денеска испратија соопштение во кое се вели:

„Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период.“

Од судот не можат да потврдат дали повиканите ќе се јават веднаш кај судија на претходна постапка или тоа ќе го сторат во наредните денови. Понатаму се зависи од обвинителот кому му е доделен случајот, дали ќе побара стражарно приведување и асистенција од полицијата осомничениот да биде донесен во судот.

Од Основниот суд Скопје 1, потврдија дека СЈО поднело барање за определување мерка притвор за директорот на Петта управа Горан Грујевски осомничен во случајот Тврдина, како и за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, кој се сомничи за финансиски злоупотреби во предметот Транспортер.

За останатите во текот на вчерашниот ден беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство. Односно тоа значи дека СЈО бара на осомничените да им биде одземен пасошот, да им се ограничи движењето или да имаат обврска да се јавуваат во Судот. Таква мерка е побарана за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски, потоа за четворица осомничени во случајот Тврдина и шест лица кои се осомничени во случајот Тортура, за апсењето на Љубе Бошкоски. Меѓу нив е и Ивица Анчевски-Пуки, командантот на единицата АЛФИ во МВР.

аболиција Космос Кривичен суд Никола Груевски помилување распит СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.