НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија отседна во „Мериот“: 300 милиони евра во центарот на Скопје

0
By Нова ТВ on October 9, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Азурите“ вечерва ѝ гостуваат на Македонија во квалификациите за СП 2018. Мечот на „Филип Втори“ почнува во 20,45 часот

 

Триста милиони евра во центарот на Скопје. Не, да нема забуна. Ова не е сума што е најавена како дополнителна во рамки на проектот „Скопје 2014“ за подигнување на нови содржини или за одржување на веќе постоечките. Бројката од која боли глава се однесува на вкупната вредност на фудбалската репрезентација на Италија, собрана според пазарната цена на чинење на секој играч што селекторот Џампјеро Вентура го поведе на пат за Македонија за дуелот на „Филип Втори“ вечерва во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Велиме во центарот од причина што „азурите“ го одбраа репрезентативниот хотел „Мериот“ за своја база во македонската престолнина. Финансиската тежиина на четирикратниот светски шампион, според специјализираната интернет траница www.transfermarkt.com, е поголема за 33 милиони евра ако се додадат и Џорџо Кјелини, Рикардо Монтоливо и Грацијано Пеле кои нема да бидат дел од, за нас, денешниот празник на фудбалот.

14620118_1768493323414196_1936009857_n
Марко Верати

„Најтежок“ меѓу нив е Марко Верати. Првотимецот на француски ПСЖ, според истиот извор, е вреден 34 ммилиони фунти. Следен е Бонучи од Јувентус со 29,75 милиони кого Конте во Челзи би можел да го направи еден од најскапите дефанзвци на планетата веќе во зимскиот преоден рок.

14625245_1768494156747446_1402319109_n
Леонардо Бонучи

Антонио Кандрева од Интер е проценет на 19,95 милиони, Алесандро Флоренци од Рома на 18,70 милиони. Двоцифрени пазарна цена имаат и клупскиот колега на Горан Пандев во Џенова, голманот Матија Перин (14,88 милиони), одбранбениот играч на Милан, Алесио Ромањоли чини 15,30 милиони, потоа Бернардески од Фиорентина (13,60 милиони), Маноло Габијадини од Наполи (14,45 милиони), Џакомо Бонавентура од Милан (17,85 милиони), Матео Дармијан од Манчестер јунајтед (12,75 милиони), Едер од Интер (10,63 милиони), итн.

Синоќешното пристигнување на Италија побуди огромен интерес во македонската јавност, а ништо поразлично нема да биде ниту во текот на денешниот ден што ќе кулминира со истрчување на азурно сините ѕвезди на тревникот на „Филип Втори“. А тие, пак, ги оправдаа очекувањата. На националната арена пристигнаа во полициска придружба и притоа ја оправдаа меѓународната перцепција за нивниот имиџ. Скоцкани од глава до пета, со грижливо одбран дрес-код, милионерите од Апенините зачекорија во поттрибинскиот простор. Опуштени и, воглавно, со рацете во џеб минаа низ новинарскиот шпалир под блесокот на фотоапаратите, пратечкиот фокус на камерите и на мобилните смарт телефони.

613367880

Италијанците импонираа со професионалноста. До последен во експедицијата, без оглед на функцијата што ја извршуваат, облечени во темно сина комбинација што е логично за состав со таков рејтинг и реноме на светската фудбалска карта. Преку синиот атлетски тартан на арената зачекорија на зелениот правоаголник како да се учесници на модна недела во Милано. Со костуми на чија лева страна е аплициран амблемот на италијанската фудбалска федерација со знамето, во пантолони, со вратоврски на чиј јазол е истакнато, исто така, национално обележје, во црни кондури, дел од нив со фризури со дискретна доза на восок, брилијантин, масло или пења за коса. Што и да е.

14593508_1768496476747214_934305372_n
фото corrieredellosport.it

Протоколот предвидуваше запознавање со објектот, почувствување на тревата, светлоста на рефлекторите и пропратните „facilities“ на стадионот на кој наредното лето ќе се игра престижниот европски Суперкуп (меч меѓу победниците во Лигата на шампиони и Лигата Европа на УЕФА). По завршување на 15 минутната посета, се вратија во автобус и трпеливо ги чекаа селекторот Вентура и легендарниот голман Џиџи Буфон да завршат со своите обврскки кон новинарите на официјалната ппрес-конференција за натпреварот. На располагање се ставија, најмногу, пола час, одговараа на секакви прашања во врска со натпреварот, но и надвор од него.
Италијанските колеги, меѓудругото, побараа одговори за коментари и наслови во медиумите по дуелот со Шпанија во Торино (1:1), за ситуацијата со напаѓачот Пеле кој е под суспензија поради кршење на дисциплинскиот правник и непочитување на селектор при замена во мечот со „фуријата“ (одби да се поздрави), до очекувањата од вечерашната средба со Македонија.

sp-fudbal-kvalifikacii-trening-na-italija-pred-natprevar-so-makedonija-08102016-6052
Оние кои немаа прилика да ги видат одблиску италијанските фудбалски ѕвезди, се стационираа пред хотелот „Мериот“ на плоштадот „Македонија“ со надеж дека ќе имаат можност за фотографија за спомен со своите миленици од клубовите за кои навиваат. Пред објектот можеше да се забележат, веројатно, членови на фан групи во земјава на италијанските клубови. Но, среќата не ги послужи. Полицијата и обезбедувањето ги држеше на „безбедна“ оддалеченост од објектот. Сликата иста и утрово при одење на репрезентацијата на полесен тренинг со таа разлика што дел од нив овојпат успеаја да земат автограм и фотографија за спомен од нивните идоли.

Буфон: Пандев нека „пости“ и вечерва, потоа нека биде прв стрелец во групата

Италија знае од каде доаѓа ајголемата опасност.Го посочија Горан Пандев кого, барем, него добро го познаваат во период во којја на нивната сцена се пробива Илија Несторовски преку Палермо, клуб чиј член е Алекандар Трајковски исто така. Италијанскиот капитен четири пати бил совладан од македонсиот досега. Пандев подолг период нема погодок во националниот тим на квалификациски меч, па во тој контекст Буфон со интересна порака пред вечерашниот натпревар.

„Нека биде така и вечерва, а потоа може да биде и прв стрелец во групата. Немам ништо против“, порача чуварот на мрежата на италијанската репрезентација.

14585581_1768496573413871_318478623_o

 

Квота од 1,30 за победа на „азурите“

Италија не е апсолутен фаворит само на хартија во вечерашниот дуел со Македонија во квалифиикациите за мундијалот во 2018 година. Како таква важи и според квотите на домашните спортски обложувалници и на интернет. Победата на „азурите“ е оди од 1,25 до 1,30, ремито се движи од 5,50 до 6, триумфот на домашната селекција е меѓу 12 и 13. Во фудбалот се чести изненадувања во поглед на конечен исход на натпревар, дали е можно и вечерва останува да видиме.

y

Арена Филип Втори ЕУРО 2018 Италија Македонија фудбал Фудбалска репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.