Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка, Еврокуп: МЗТ Скопје ја испушти Цедевита

0
By Нова ТВ on October 26, 2016 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2016 21:48

Втор пораз на МЗТ Скопје во кошаркарскиот Еврокуп на ФИБА. Цедевита славеше на македонскиот првак со 89:85 за прв триумф на хрватскиот претставник во групата А, но и втор над „штрковите“ во оваа сезона по убедливиот во Загреб во АБА лигата.

Составот предводен од Александар Јончевски го загуби мечот во, буквално, финишот на последната четвртина. Првиот период заврши без предност (26:26) за домашните подоцна да заминат со залиха од шест поени на одмор. Тоа, секако, добиваше на значење поради отсуствата на Симоновски, Клоф и Дреновац и влеваше надеж дека победа е возможна мисија.

Израмнета битка донесе и продолжението. Ниту една од екипите не „натежна“ осетно во десетте минути што следуваа по враќање од соблекувална. Загрепчани, незначително, за пола кош, успеаја да ја добијат третата четвртина меѓутоа „сино-белите“ и натаму имаа плус пет што на крајот, сепак, се покажаа недоволни за победа.

Цедевита подобро влезе во последниот период од средбата. Наметна ритам што „металците“ тешко го следеа. Гостите набрзија го анулираа заостанувањето за што придонесоа и неколкуте грешки и нереализирани напади на домашните и кон финишот се упатија со седум поени разлика на две ипол минути до крајот. МЗТ Скопје одговори со серија од 5:0 за доближување на, најпрво, 83:85, а потоа и 85:87 на 44 секунди до звукот на сирената.

Последниот напад го имаа гостите. На двапати одговорност да стави печат на победата на Цедевита презеде Џексон. Првиот пат беше непрецизен, но Мекиќ во обид да истрча контра ја нагази линија, па составот на Вељко Мршиќ остана во напад. Во него, повторно Американецот со закана, овојпат да влезе и положи пришто налета на „рампа“ од Скот.

Сликата на теренот остана непроменета како и тежиштето на половината на „штрковите“. И третиот бран за реализација одеше преку Џексон кој шутираше за три, топката се одби од обрачот, а домашните беа „гледачи“ во сопствениот рекет. Среќно стигна до Крушлин кој ја дистрибуира повторно до Џексон со таа разлика што сега тој изнуди прекршок за два „пенала“. Ги погоди двата за недостижни четири разлика (85:89) што останаа непроменети во преостанатите 7 секунди.

Најефикасен на средбата беше токму Џексон со 29 поени, Крушлин постигна 14, Арапови 13. Британецот Кларк со 23 коша, Темс со 18 и Скот со 15 го предводеа македонскиот првак.

Еврокуп

Група А, 3. коло

МЗТ Скопје – Цедевита 85:89 (26:26, 20:14, 21:22, 18:27)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 700. Судии: Фуфис (Грција), Картал (Турција), Бауманис (Летонија).

МЗТ Скопје: Кларк 23, Цветковски 7, Темс 18, Синовец 4, Мекиќ 3, Лучиќ 5, Младеновски, Скот 15, Лалиќ 10.

Тренер: Александар Јончевски

Цедевита: Џејмс 4, Крушлин 14, Катиќ 6, Бабиќ 4, Муса 6, Билан 8, Бегиќ 5, Араповиќ 13, Џексон 29.

Тренер: Вељко Мршиќ

Еврокуп кошарка МЗТ Скопје ФИБА Цедевита
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.