Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мак-баскет: Кошарка од наредниот викенд, пари по Собранието

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2016 18:41

Прволигашка кошарка во Македонија ќе нема ниту викендот. Предлогот на Куманово за поместување на стартот на шампионатот беше едногласно прифатен на состанокот на Здружението на клубови од Прва лига мажи. Беше образложен со неможноста да се организираат натпревари од законски и технички причини или немање време за нивно пријавување во Министерството за внатрешни работи (МВР) на 48 часа пред почеток, но и со котизацијата што треба да се плати за сезоната 2016/17 и висината на таксите за регистрација на странски играчи. Клубовите по ова прашање зазедоа став да ги регулираат своите обврски по Вонредното собрание на 15 декември по цена што ќе биде поставена од актуелната гарнитура во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) или евентуална нова ако дојде до смена на претседателот Петар Наумоски.

Пред присутните претставници на клубовите (немаше само Пелистер) беа ставени заклучоците и одлуките од последниот состанок на Управниот одбор (УО) на МКФ. Во тој контекст повторно беше изразено незадоволство од начинот на функционирање на Федерацијата со ова раководство во кое се вперува прст како најодговорно за ќор-сокакот во кој е навлезена македонската кошарка.

На седницата на УО на МКФ во вторникот беше отфрлена иницијативата на клубовите за Вонредно собрание како нелегитимна. На предлог на претседателот Наумоски, највисокото тело ќе биде свикано да расправа за недоразбирањата на релација клубови – Федерација на 15 декември. Беше заклучено да почне да се игра кошарка во претстојниот викенд и до наредниот (пред почеток на второто коло) да се подмират обврските кон МКФ за сезоната што претстои, но и сите заостанати од минатите сезони како и таксите за регистрација на странските играчи по новата тарифа.

Вонредно Собрание Здружение на прволигаши кошарка МКФ Прва лига
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.