Милош Раониќ, полесно од очекувањата, го совлада Гаел Монфис на Мастерсот во Лондон и изби на чело на табелата во групата Б. Канаѓанецот во два сета славеше со 6:3, 6:4 и, се чини, покажа дека повредата на раката поради што го предаде полуфиналето против Енди Мареј во Париз е минато.
Раониќ уште во второт гем од воведниот сет направи брејк, а еден му беше доволен и во наредниот сет за убедив старт на завршниот турнир. Французинот, пак, не успеа да обезбеди ниту шанса за освојување противнички сервис.