Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евролига: Љуљ за нов триумф на Реал М., прв пораз на ЦСКА М.

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2016 23:26

Реал Мадрид го совлада Панатинаикос во последниот вечерашен дуел со кој се заокружи седмото коло во кошакарската Евролига. Конечни 87:84 за „кралевите“ за петта нивна победа во сезоната во која имаат и два пораза. Серхио Љуљ немилосрдно го полнеше кошот на гостите од Атина и мечот го заврши со 30 поени, еден скок и четири асистенции, Ентони Рендолф уфрли 12, сите останати нивни соиграчи беа едноцифрени. Џејмс Фелдеин беше најрасположен кај ПАО до 19 коша.

Дарушафака се погрижи да нема непоразени екипи во конкуренција по оваа рунда. Тимот од Истанбул е првиот со скалпот на ЦСКА Москва по триумфот над „армејците“ на домашен терен со 91:83. Турскиот клуб беше подобар ривал во првите три четвртини, константно ја зголемуваше предноста и во последниот период влезе со плус 16. Рускиот гигант се разбуди и му даде драматичност на финишот, се доближи на само половина кош, но сили за продолженија или пресврт, сепак, немаше.

Бред Вонамејкер беше лидер во победничката екипа со 18 коша, пет скока и седум асистенции, Нандо де Коло и Кори Хигинс реализираа по 17 за гостите од Москва.

Евролига

Резултати, 7. коло

Реал Мадрид – Панатинаикос 87:84

Жалгирис – Галатасарај 87:75

Олимпијакос – Барселона 59:52

Дарушафака – ЦСКА Москва 91:83

Армани Милано – Басконија 88:76

Макаб Тел Авив – Фенербахче 87:77

Бросе Бамберг – Црвена звезда 78:79

Анадолу Ефес – Уникс Казан 104:99

Табела: ЦСКА Москва (6 победи-1 пораз), Дарушафака (5-2), Реал Мадрид (5-2), Панатинаикос (3-1 победа во продолженија-1 пораз по продолженија-2), Басконија (4-3), Олимпијакос (4-3), Армани Милано (4-0-1-2), Барселона (4-3), Фенербахче (4-3), Макаби Тел Авив (3-0-1-3), Црвена звезда (3-4), Анадолу Ефес (2-1-0-4), Бросе Бамберг (1-1-0-5), Жалгирис (2-5), Уникс Казан (2-5), Галатасарај (1-6).

 

 

Барселона Евролига кошарка Панатинаикос Реал Мадрид ЦСКА Москва
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.