НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Турски офицери бараат азил во земјите членки на НАТО

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе турски офицери барале азил во земјите членки на НАТО за време на “чистките” на турската власт по пучот на 15 јули годинава, објави денес генералниот секретат на алијансата Јенс Столтенберг. Барањата за азил биле поднесувани во земјите во кои тие офицери биле на служба.

Столтенбер оваа изјава ја даде во Брисел на два дена пред неговата на посета на Турција. Тој не сакаше да прецизира за колку офицери станува збор ниту пак во кои земји бил баран азил.

Досега беше објавено дека осум турски војници избегале во Грција на 16 јули, ден по неуспешниот пуч во Турција. Анкара побара нивна екстрадиција. Војниците побараа азил во Грција но нивните барања беа отфрлени. Војниците поднесоа жалба на оваа одлука и во моментов се чека одлуката на грчката правда.

Освен тоа повеќе турски офицери од базата на НАТО во Рамштајн, Германија, исто така побараа азил, објавија вчера германските медиуми.

Многу турски функционери и војници избегаа од Турција по неуспешниот пуч и “чистката” на турскиот режим. Во Германија 4,437 турски државјани побарале азил помеѓу јануари и октомври 2016 година што е повеќе од двојно повеќе од истиот период во 2015 година кога азил побарале 1.767 турски државјани.

Според Столтенберг, секоја земја членка на НАТО сама одлучува дали да даде азил или не а НАТО нема никаква одговорност во тоа, изјавил првиот човек на алијансата за агенцијата АФП. Тој додаде дека “одреден број членови на турскиот воен персонал во структурата на команда на НАТО беа сменети”.

Земјите членки на НАТО се исправени пред предизвика кога офицер на земја членка на НАТО бара азил. Турција е со децении значајна членка на алијансата што само по себе значи дека станува збор за демократска држава чии што државјани немаат право на азил. Но, од неуспешниот пуч на 15 јули 2016 годинава и илјадниците војници, новинари или функционери отпуштени или уапсени и осомничени дека се дел од пучот, евро-атлантскиот поглед врз Турција почнува да се менува.

Столтенберг во недела патува за Истамбул каде ќе зборува пред парламентарното собрание на НАТО, структура во која учествуваат парлементарците од земјите сојузници.

азил Јенс Столтенберг НАТО пуч Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.