Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сили за едно полувреме: Ц. Звезда е друга димензија за Карпош С.

0
By Нова ТВ on November 21, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2016 21:36

Карпош С. имаше сили за едно полувреме во Белград, но не и за две против Црвена звезда. По 38:38 по воведните две четвртини, белграѓани уфрлија во поголема брзина во наредните две, ги добија со 53:32 за конечни 91:70 во 10. коло во АБА лигата. По 21 поен за евролигашот постигнаа Симоновиќ и Бјелица, Гудуриќ даде 11, Дангубиќ 10. Лабовиќ беше единствениот двоцифрен „сокол“ с0 16 коша.„

„Ѝ реков на екипата дека треба да ја „преживееме“ 25 минута. Со Цедевита, Цибона и Партизан, Црвена звезда во тој дел од мечевите во просек водеше по 25 поени разлика. Ние како последнопласирани дојдовме да играме против таков тим и успеавме во тоа против вака квалитетна Звезда која игра најдобра кошарка во Европа. Ја „преживеавме“ 25 минута, сите карти ги фрлив на тоа, а потоа пред крај на третата четвртина дојде до тотална деконцентрација. Се прашувам дали и репрезентација на АБА лигата би ја победила Црвена звезда на нејзин паркет“, рече по мечот Драган Николиќ, тренер на Карпош Соколи.

Фото: aba-liga.com
Фото: aba-liga.com

Клучниот период на средбата се случи од 27 минута до 33. „Црвено-белите“ направија серија од 21:5 и минималната предност од 49:48 ја претворија во убедлива (69:54) и прашањето на победникот беше затворено. Асистенциите и загубените топки, се чини, го детерминираа текот на средбата. Домашните кошаркари значително повеќе се разигруваа во второто полувреме (26) и напроти 20 асистенции на Карпош С., и за „продадоа“ 10 напади или седум помалу од дебитантот во јадранското кошаркарско друштво.

Она што особено го загрижува Дејан Радоњиќ, тренерот на Црвена звезда е состојбата со Лука Митровиќ кој предвреме го заврши мечот.

„Се надевам дека Митровиќ не е сериозно повреден. Таков е мојот првичен впечаток. Долг период бевме без концентрација и енергија. Како што и најавив, пет патувања во осум дена, тешко е. Потоа делувавме поинаку. Во оваа лига нема лесни мечеви за нас, има тешки и мнгу тешки“, истакна Радоњиќ.

Црвена звезда останува единствена непоразена во АБА лига по 10 одиграни натпревари, а „соколите“ ќе бараат шанса за втора победа во сабота (21 ч.) против Цедевита во Скопје.

АБА лига Карпош Соколи кошарка Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.