НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент ги замрзна преговорите за членство со Турција

1
By Светлана Јовановска on November 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент (ЕП) денес изгласа Резолуција со која побара од земјите членки на ЕУ да ги замрзнат преговорите за членство со Турција.

Резолуцијата нема обврзувачки карактер. Но е силен симбол и знак испратен до оваа голема земја. Со оваа Резолуција Европа сака да му порача на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека неговото автократско владеење нема свое место во ЕУ.

Резолуцијата на ЕП нема обврзувачки карактер. Законската сила ја имаат земјите членки на ЕУ.

Односите помеѓу ЕУ и Турција се наоѓаат на досега најниско ниво откако Турција, во 1987 година, побара да стане членка на ЕУ. Преговорите почнаа во 2005 година и одеа мачно. Од вкупно 35 поглавија, односно области кои се дел од преговорите, во речиси 10 години беа отворени само 17 поглавија. Голем дел од земјите членки на ЕУ сметаат дека на Турција не и е место во оваа организација.

Но ЕУ исто така добро знае дека Турција е важен партнер, економски, политички и воен како важна членка на НАТО.

Со почетокот на големиот бегалски бран пред повеќе од една година, ЕУ сфати дека без Турција нема да може да го менаџира овој феномен. Па така во март годинава беше постигнат договор помеѓу ЕУ и Анкара. Турција се обврза дека нема да им дозволи на бегалците да одат во ЕУ. А ЕУ се обврза дека ќе и даде пари на Турција за бегалците, дека ќе ги укине визите за турските граѓани и дека ќе ги продолжи преговорите за членство.

Потоа на сцена стапи неуспешниот пуч во Турција на 15 јули годинава. Може да се каже дека денешната Резолуција е првата вистинска и силна порака до Турција откако власта отпушти 125.000 војници, полицајци, професори, судии, уапси 35.000 лица помеѓу кои видни новинари и пратеници и ги затвори критичките медиуми.

prisonnier_turc

Апсења на новинари, пратеници, војници… по неуспешниот пуч од 15 јули.

Се разбира Ердоган реагираше на најавата за Резолуција и дебатата во ЕП кои очигледно му предизвикуваат болки во стомакот:

“Невозможно е да се свари пораката што Европјаните ми ја испраќаат”, рече тој. Но сепак додаде дека тоа не му го нарушува сонот бидејќи ова, според него, е само “израз на лутина кој нема никаква вредност”.

За Ги Верхофштад, лидер на либералите во ЕП и екс белгиски премиер, Турција е автократска земја и нема место за преговори за членство:

2448899

Ги Верхофштад, лидер на либералите во ЕП и екс белгиски премиер

“Сите ние знаеме што сакаат турските власти. Сакаат да се зачленат во ЕУ, сакаат либерализација на визниот режим што е можно побрзо, сакаат повеќе пари за бегалците и не сакаат никој да им се меша, никој да не ги критикува околу сето она што се случува во Турција. Турција станува автократски систем. Но ние нема да дозволиме да не излажат. Ние знаеме дека она што се случува во Турција нема никаква врска со европските вредности”, изјави Верхофштад.

Парламентарната Резолуција, како што рековме, нема обврзувачки карактер. Законската сила ја имаат земјите членки. Но освен Австрија која е подготвена да гласа замрзнување на преговорите со Турција, ниту една друга земја на ЕУ тоа нема да го стори.

ЕУ се плаши од бегалците. Доколку преговорите навистина бидат замрзнати, голем е ризикот Турција да ги отвори своите граници и бегалците од Сирија повторно да тргнат кон ЕУ.

Во следната 2017 година во повеќе големи земји на ЕУ има избори – Холандија во февруари, Франција во мај, Германија во септември. Една од главните теми на овие избори е токму менаџирањето на бегалската криза.

2161285

ЕУ не сака да се повторат минатогодишните драматични сцени со бегалците.

Ердоган тоа добро го знае. И знае дека договорот за бегалците е стапот што тој често го врти кон ЕУ заканувајќи се дека ќе ги отвори границите. Досега тоа останаа само вербални закани.

ЕУ се надева дека Ердоган ќе ја сфати пораката, дека ќе престане со политичките “чистки” и дека ќе им дозволи на медиумите професионално да го работат нивниот занает.

бегалска криза визи Европски парламент ЕУ преговори резолуција Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.