НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Никола Груевски не смее да формира влада

1
By Нова ТВ on December 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Режимот не смее да формира влада, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој им порача на сите политички партии освен на ВМРО-ДПМНЕ да не им текне да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните со формирање на коалиција со Никола Груевски.

„Постојат разлики во резултатите од записниците на избирачките места и резултатите што ги објави ДИК за истите тие избирачки места. Само ако се корегираат овие бројки, СДСМ има поголем број мандати во И.Е 6, со што соодносот на добиени мандати е 50 : 50. Поради констатираните нерегуларности, за коишто известија и набљудувачите на изборите, ќе поднесеме и приговори, така што вистинската слика за бројот на добиени мандати ќе ја дадат конечните резултати.

Независно од овие пребројувања што се во тек, едно е кристално јасно. Граѓаните се изјаснија дека повеќе нема место за политичари како Никола Груевски. Сакаат добар живот, сакаат независни институции, сакаат праведна и правична држава, сакаат Македонија за сите граѓани и тоа ќе се случи“, рече Заев.

 

Тој потенцираше дека тие ќе поднесат приговори, така што вистинската слика ќе ја дадат конечните резултати по преговорите, а затоа повика будно да се следи работата на Државната изборна комисија кога бројките ќе станат официјални.

Лидерот на опозицијата додаде дека ова е историска победа на граѓаните на парламентарните избори.

„Заедно поразивме режим, граѓаните избраа живот во Македонија. Сакам да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните, наспроти режимот. Мнозинството граѓани избраа промени. Ја обединивме етничка Македонија“, рече Заев

Меѓу другото, лидерот на СДСМ, коментирајќи ја фотографијата која ја разбрани јавноста на социјалните мрежи, каде наставничка од Битола носи крст со името и презимето на Зоран Заев на постизборно славје, рече дека слободата ќе ја почувствуваат сите граѓани кои биле заробени и уценувани од Никола Груевски.

 

Влада Зоран Заев избори коалиција Никола Груевски политички партии пратеници режим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.