Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Десетта победа на Челзи во низа

0
By Нова ТВ on December 14, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2016 23:55

Челзи ја оствари десеттата победа во низа во Премиерлигата. „Сините“ на Антонио Конте славеа кај Сандерленд со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на „стадионот на светлината“ на англискиот североисток беше Сеск Фабрегас во 40 минута. Со овие три бода, тимот од Лондон ја зголеми предноста на врвот на табелата на шест бода во однос на Ливерпул и Арсенал на второто, односно, третото место.

Победи впишаа и останатите фаворити – Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Тотенхем. Сите четири екипи што важеа за фаворити во средбите од 16 коло и се потврдија како такви. „Црвените ѓаволи“ славеа на гости кај Кристал палас со 2:1 благодарение на погодокот на Златан Ибрахимовиќ во 88 минута. Во улога на асистент е јави Пол Погба чие дело беше водечкиот гол за составот од „Олд Трафорд“ во втората минута од екстра времето на првиот дел. За домашната екипа погоди Мекартур во 64 минута.

Сити на „Етихад“ го совлада Вотфорд со 2:0 (Забалета 33 минута, Силва 86 минута), Ливерпул со три гола (3:0) ги обезбеди трите бода на теренот на Мидлсборо (Лалана 29 минута, 68 минута и Ориги 60 минута), а со ист резултат „спарси“ на „Вајт Харт Лејн“ го поразија Хал сити (Ериксен 14 минута, 63 минута и Ванјама 73 минута).

Премиерлига

Резултати, 16 коло

Мидлсборо – Ливерпул 0:3

Кристал палас – Манчестер јунајтед 1:2

Манчестер сити – Вотфорд 2:0

Тотенхем – Хал 3:0

Сандерленд – Челзи 0:1

Вест Хем – Барнли 1:0

ВБА – Свонси 3:1

Стоук – Саутемптон 0:0

Евертон – Арсенал 2:1

Борнмут  – Лестер 1:0

Табела: Челзи 40, Ливерпул 34, Арсенал 34, Манчестер сити 33, Тотенхем 30, Манчестер јунајтед 27, ВБА 23, Евертон 23, Саутемптон 21, Борнмут 21, Вотфорд 21, Стоук 20, Барнли 17, Лестер 16, Вест Хем 16, Кристал палас 15, Мидлсборо 15, Свонси 12, Хал 12, Сандерленд 11.

 

 

Ливерпул Манчестер Ј. Манчестер С. Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.