Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антиќ поентерски скромен во Атина: Само три коша против Панатинаикос

0
By Нова ТВ on December 17, 2016 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 17, 2016 00:45

Перо Антиќ имаше скромно поентерско издание во Атина, но и солидно во играта под обрачите против Панатинаикос во меч од 12 коло во кошаркарската Евролига. „Зелените“ го совладаа Фенербахче со 81:70 (по четвртини: 23:14, 18:23, 20:15, 20:18) за нивна седма победа во сезоната и четврти пораз за тимот од Истанбул.

Македонскиот интернационалец одигра 23 минути во олимписката арена во Атина, период во кој погоди по еднаш од игра и од линијата за слободни фрлања и промаши четири обиди за тројка. Но, затоа свој ефект имаше во рекетот. Од тимските, вкупно, 40 скока, седум беа негови (2 офанзивни и пет дефанзивни). Фенербахче во наредното коло ќе биде домаќин на Дарушафака.

Неговиот соиграч Џејмс Нанали со 21 поен беше најефикасен на средбата, двоцифрени во тимот на Жељко Обрадовиќ беа уште Слукас со 13 коша и Удох со 10. Ник Калатес, пак, го предводеше ПАО со 16 поени, Николс даде 14, Фелдеин и Риверс забележаа по 10 во домашната екипа за која, речиси, сите играчи имаа реализаторски придонес во победата.

Домашните екипи ја искористија предноста на домашниот терен и во двата преостанати меча со кои се комплетира 12 рунда. Галатасарај, резултатски тесно, славеше над Армани Милано со 83:80, а ЦСКА Москва беше убедлива против Барселона со 92:76.

 

 

 

Евролига кошарка Панатинаикос Перо Антиќ Фенербахче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.