НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: СЈО не ги почитува процедурите

0
By Нова ТВ on February 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот суд и ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси со иста реакција реагираа на соопштението на СЈО од пред неколку дена, во кое СЈО се жали на соработката на судот со обвинителството.

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова на 20 јануари ги поднела барањата кај дежурниот судија на претходна постапка што спротивно на Деловникот за работа на судот, реагираат од Кривичниот суд на соопштението на СЈО, во кое ова обвинителство се жали на лошата соработка со судот.

„На 20.01.2017 година, јавениот обвинител Лиле Стефанова од СЈО додека се уште траело работното време во судот, пристигнала во судот и се упатила директно кај дежурниот судија на претходна постапка со 4 барања, што е констатирано и од самиот дежурен судија на барањата кој ги примил во 16:05 часот, без притоа обвинителот истите да ги поднесе преку приемното одделение кај овластениот службеник, а што е спротивно од Деловникот за работа на судот и укажувањето на претседател на судот, да се почитува Деловникот за работа при прием на писмена во судот, заведување и оформување  предмет и внесување во АКМИС – електронскиот систем на судот“, пишува во реакцијата на судот.

Од таму додаваат дека предметите во Кривичните совети се доделуваат на ист начин како и во останатите оддели и дека се внимавало кој судија колку пати постапувал во советите, а со цел да се запази принципот на рамномерност односно еднаква распределба на предметите кај сите судии кои одлучуваат самостојно.

„Дополнително, зачудува заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и јавни соопштенија на СЈО кон судот и судиите, а јавното повторување на имињата и презимињата на судии на претходна постапка и судии во Кривичните совети кои постапуваат по конкретни предмети не можат да  влијаат врз судиите во овој суд и нивното непристрасно и законито одлучување. Особено ако се земе во предвид начинот на презентирање на соопштенијата каде за судските одлуки од кои СЈО не се задоволни ги објавуваат имиња и презимиња на судиите, додека за оние одлуки од кои се задоволни не ги објавуваат имињата и не се информира јавноста иако се работи за истите судии со што се прави обид за јавен линч на судиите“, реагираат од Кривичниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ Кривичен суд реакција СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.