НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева и Фетаи добија парични казни, Груевски излезе насмеан од судење

3
By Нова ТВ on February 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По жестока расправа на обвинителките на СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи со судијката Татјана Михајлова на денешното рочиште за „насилството во Општина Центар“, расправата е одложена за 10 март, а двете обвинителки добија казна од по две илјади евра за непочитување на судот. Судијката рече дека сите списи од предметот ќе ги прати во Советот на јавни обвинители.

„Вие не знаете да водите записник. Вие не ја заслужувате титулата судија, а не, пак, да сте в.д. претседател на Кривичниот суд“, и се обрати Јанева на судијката Татјана Михајлова.

„Не сум дошла да ве видам колку сте убава. Вие како судија немате елементарно познавање на правото “ и рече Фетаи на Михајлова, и додаде дека ќе ја плати казната со задоволство.

Обвинителките ја обвинија Михајлова дека направила интелектуален фалсификат во записникот, затоа што во него имало многу невистини.

„Спорен е делот на исклучување на јавноста, судијата направил интелектуален фалсификат, и дел од новинарите кои бевте присутни на минатото рочиште можете да бидете сведоци на тоа дека кога јас како застапник на обвинението и одбраната се произнесувавме по однос на употребливоста на незаконски следените комуникации како докази, јавноста беше исклучена. Вие не бевте присутни, потоа кога се вративте судијата на тивок глас прочита дел од она што беше кажано. Во записникот е наведена сосема спротивна ситуација, дека јас и одбраната сме се произнеле во присуство на јавноста, а дека јавноста била исклучена единствено во делот кога се слушале аудио снимките, што воопшто не е точно. Има и други работи кои се невистинито внесени во записникот. Но ќе ја почекаме аудиовизуелната снимка на која имаме право согласно закон и тоа во рок од 24 часа, а од 16 декември до сега е поминат подолг временски период. Ваквото постапување од судечкиот судија предвидени се и други постапки за кои ќе бидете навремено известени“, изјави Фетаи по завршувањето на рочиштето.

Јанева пак рече дека не и е јасно зошто Михајлова сака предметот да го прати во Советот на јавни обвинители.

„Не знаеме зошто предметот ќе го праќа во Советот на јавни обвинители, тоа е многу смешно. Таа треба прво предметот да го прати во судскиот совет за таму прво да се произнесат во врска со нејзината работа, а дури потоа да се цени нашата работа.“, изјави Јанева.

Специјалната обвинителка додаде и дека тие ќе го известат советот за денешната ситуација.

„Судот не може да ни го одземе предметот, затоа што ние имаме снимки, ако продолжат со такво однесување имаме и ние механизми кои ќе ги употребиме“, додаде Јанева.

За обвинетиот Никола Груевски, кој од судењето излезе расположен и насмеан, денешното судење повеќе наликувало на театар.

„Целото рочиште денеска повеќе личи на театар, отколку на судење“, кусо изјави Груевски пред новинарите и го остави неговиот адвокат Никола Додевски да ја образложи ситуацијата.

Додевски рече дека денешното однесување на СЈО било фрапантно и дека тој бил вознемирен од ваквиот начин на водење на постапката.

„Фрапантно однесување на СЈО. Немам друго објаснување освен дека е однапред спремено сценарио да се изврши флагрантен притисок на судијата и водењето на постапката, зачудувачки приговори, резултатот е повеќекратно казнување. Колку и да е трпелив судијата не навлегува во тоа кој судија бил, законот не предвидува да се толерира агресивност и без правна основа на ниту една од странките во случајот. Не знам што е целта, мислев дека СЈО сака да ги води постапките, денеска ја опструираше постапката го блокираше процесот со приговори за кои немаше право“, рече Додевски.

Одговарајќи на новинарско прашање дека и ним не им бил доставен записникот, Додевски рече дека записникот бил доставен за сите.

„Приговорите беа за одредени забелешки на записникот. Овие забелешки се доставуваат кон судијата што го направил записникот, на наши или на нивни забелешки, судијата одлучува дали се основани и го коригира или не го коригира записникот. Многу проста едноставна правна процедура. Не е забелешката било да потекнува д нас или од обвинителство на записникот навреди кон судот, ваков ви е записникот, таков ви е записникот интелектуален фалсификат итн. Тоа е притисок за водењето на постапката. Ако некој има проблем со судија, законот дозволува изземање на судијата. Ова е невидено во досегашната практика. Јас навистина чувствувам вознемиреност од ваквиот начин на водење на постапката. Фер судење кон обвинети кои ги имаш во судница е прво и основно право кој секој го има. Но и обврска на обвинителот. Ова е далеку од фер судење, влегувате агресивно во судница, го напаѓате судот, се однесувате како вие да сте тој што треба да го води судењето и да казнува“, рече Додевски.

Во овој случај обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

Според обвинението, Груевски во случајот кој беше обелоденет во една од „бомбите“, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

казни Катица Јанева насилство во Центар Никола Груевски рочиште судење Фатиме Фетаи шамари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.