Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети до ВМРО ДПМНЕ: Останете во дијалогот за СЈО за добро на државата

0
By Нова ТВ on March 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети апелира до најголемата опозициска партија да продолжи со учество во работните групи при Министерството за правда во врска со Законот за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО).

„Апелирам до опозицијата да не се повлекува од дијалогот и да се постигне согласност за доброто на државата“, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања пред одбележувањето на 20 години од НАТО интервенцијата во Косово во организација на ДУИ, на кое присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот Бујар Османи, како и поглаварот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ) реисот ул улема Сулејман Реџепи.

Со став за дијалогот со опозицијата излезе и СДСМ.

„Од она што имавме прилика да го слушнавме од работните групи е дека нема никакво поместување во ставовите. Знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна. Тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од Европската Унија, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ не го поддржува целиот тој процес“, изјави денеска Костадинов.

На прашањето што ќе прават доколку не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека постои собраниска процедура, во рамки на која пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување.

„Верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија да стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме“, додаде тој.

Во врска со тоа дали имаат почнато разговори со пратениците за добивање двотретинско мнозинство, Костадинов истакна дека СДСМ е партија која му дава шанса на дијалогот.

„Ред е да разговараме со најголемата опозициска партија. Ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби за потоа целиот тој разговор помине во Собранието“, истакна Костадинов.

Работните групи на власта и на опозицијата во петокот не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство.

Министерката Дескоска по состанокот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршила првиот договор што го направиле – на состанокот во петокот да имаат доставени конкретни амандмани со кои би се подобрил законскиот текст, доколку за тоа има простор.

„Наместо тоа, добивме еден материјал во кој наведоа меѓународни документи што наводно не биле имплементирани. Сите документи што се наведени во она што го достави ВМРО-ДПМНЕ, а кои се однесуваат на ЈО се имплементирани во овој закон, дел се имплементирани во Законот за кривична постапка, а дел се имплементирани во Кодексот на јавните обвинители. Има и еден документ што тие го наведуваат и воопшто не се однесува на ЈО, туку се однесува на јавни службеници и во него децидно стои дека не се однесува на какви било органи во рамките на судството“, изјави Дескоска.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по состанокот истакна дека на средбата биле наброени три точки за имплементација на 15 резолуции што треба да бидат прифатени во овој закон, а, кои, како што рече, се по меѓународни стандарди.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот до Министерството за правда достави три принципи на кои ќе инсистираат за имплементација во Предлог законот за Jавно обвинителство – целосна имплементација на меѓународните стандарди што се однесуваат на Обвинителството и на обвинителите, заштита на основните човекови права и независност, неутралност, отчетност, ефикасност и ефективност во борбата против криминалот.

Владејачкото мнозинство очекува законот за јавното обвинителство да биде донесен до крајот на март, односно пред почетокот на кампањата за претседатеските избори. Тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ во јуни.

Али Ахмети ВМРО ДПМНЕ дијалог закон СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.