По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ДУИ, Али Ахмети информираше дека и понатаму тактизира, бидејќи неговата партија преговарала паралелно со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ.
Ахмети го информирал Хан дека ДУИ нема да му даде потписи на СДСМ се додека не им достави писмен доказ дека ги прифаќаат барањата од албанската платформа, а дури потоа ќе ја разгледаат опцијата за коалиција со СДСМ.
– Константно разговарам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата, изјави Ахмети, додавајќи дека е нормално да разговара со Никола Греувски, бидејќи биле коалициони партнери десет години.