Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Без решение за кризата – ЕУ ќе го возврати ударот

0
By Нова ТВ on June 6, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 6, 2016 12:07

Оној момент кога Меѓународната заедница ќе ги исцрпи сите правни механизми за решение од политичката криза, не е исклучено дека ќе посегне и по радикални, како онаа за изолација преку “црна листа“ на граѓани, коментираат аналитичарите во неделната економска анализа на Порталб.

Според нив, меѓнародниот фактор нема да остане “нем“ набљудувач на состојбата и доколку до есен не се дојде до излезно решение, не е исклучена “црна листа“ но и сериозно назадавување во евроатланските аспирации.

Во јавноста веќе се појави информација дека Меѓународната заедница, во координација со домашни институции крои листа од 60 лица на кои ќе им биде замрзнат имотот дома и во странство, а ќе добијат и забрана за излез од земјава.

Санкции, изолација, одземање на препорака за преговори

Најпрво треба сите политички средства да бидат исцрпени а сеуште се преговара со посредство на Меѓународната заедница, но, сега не е јасно дали меѓународната преговара со ВМРО-ДМННЕ или СДСМ, а од она што се гледа веќе, е дека се преговара со Груевски и неговите.

Се додека се преговара, протестите ќе бидат мирни, сметаат аналитичарите. Но, по исцрпување на фазата на правна разврска, не е исклучено меѓународниот фактор да посегне по “црното“ сценарио, изолација и санкции со кои би биле засегнати не само поедници, туку и целата земја.

„Меѓународната заедница е подготвена да спроевдува изолација и да прави “црни листи“ на неподобни граѓани среде Европа само  доколу се сруши целиот правен систем,  како што е сега. Но изолацијата би била политилчко-економска –финансика и би можела да трае 2-3 години со многу лош резултат по сегашната владејачка гарнитура“, вели за Порталб, аналитичарот и колумнист Даме Чкатроски.

Во последните три месеци во домашната јавност веќе струи сценариото дека меѓунардниот фактор нема да остане нем набљудувач на внатрешно-политичката криза и дека во отстуство на правна разврска и непочитување на договорот од Пржино, ќе посегне по радикални мерки.

Овие стравувања се засилија особено по писмото од шефот на холандската дипломатија, но и од пораката на Европската комисија, која ги повика четворицата партиски лидери да се вратат на преговарачка маса и да ги решат сите отворени прашања за да може да се одржат кредибилни избори.

„Политичките лидери мора во целост да го почитуваат политичкиот договор од Пржино и основните принципи на Договорот, како што се владеењето на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка останува клучна за решавање на политичката криза“,  изјави неодамна директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон.

Холандскиот министер пак,  Берт Кундерс побара од лидерите итно да најдат излез од политичката криза во интерес на стабилноста на државата, во спротивно Македонија е под закана на санкции.

„Договорот од Пржино што го потпишаа сите лидери мора да се почитува и тоа е силна позиција на ЕУ. Ако пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции. Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од Пржинскиот договор кој не смее да пропадне за демократската иднина на вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“, пишува во писмото.

Евентуалната изолација на поедници ќе се прелее врз целата економија, последиците ќе ги чуствуваат сите, потенцира за Порталб, аналитичарот Висар Адеми.

„Нерамноправната дистрибуција на парите и на ресурсите е состојба во Македонија. Само 1 процент од населението во своите раце располагаат со 99 отсто од капиталот, ресурсите, националното богатство и не би ме чудело да од тој еден отсто се најдат 100% на “црната листа“. Сметам дека една ваква изолација на личности, кои менаџираат и се поврзани со компании ќе се прелее и почуствува во целата економија. Само да посочам дека 99% од малите компании зависат од тендери и договорени обврски со државата“, вели Адеми.

Сличен став има и Чкатроски.

„Доколку Меѓународната заедница одлучи да напрви потег за излолација, преку црна листа на поедници, како прво тоа значи дека тие нема да бидат обвинувани и судени во странство туку во Македонија по специјални судови.  Црна листа и изолација ќе значи на подолг рок дека нити една земја може да им даде азил или подршка“, вели Чкатроски и упатува на посериозни последици од ваквата разврска.

„Санкциите ќе дојдат заедно со одземање на препораката за членство во ЕУ.  Од тој момент доколку има 50 на на листа ,а тоа се очекува доколку 1 септември го пречекаме без Технократско-Експертска непартиска влада Македонија ќе биде една изолирана земја посебно во финансискиот и економскиот сектор. После ваква црна листа ќе еродираме,  по што веројатно расплетот на кризата почнува на есен со одземање на препорака и црна листа“.

По ваквите сценарија, дел од бизнисмените веќе ги испратија првите сигнали на сериозна загриженост.

Стопанството веќе се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а најавите за можна изолација на Македонија ќе бидат погубни за економијата – оценија дел од бизнисмените.

„Ако се оствари најцрното сценарио, евентуална изолација, политичка а со тоа и финансиска на земјава, тоа ќе биде погубно за економијата. Тогаш и песимистичкото сценарио на Народната банка за раст од 1,6% ќе ни се чини дека е оптимистичко. Имено, ние веќе ги добивме првите сигнали, односно изјави од амбасадорите дека е можно меѓународниот фактор да преземе потези кои ќе упатуваат на “изолација“. Овие пораки мора да се сфатат со сериозност“, коментираат дел од бизнисмените за Порталб.

Ризикот од можна политичка и економска изолација на земјата не е пресметан во новите ревидирани прогнози за економски раст што ги објави Народната Банка. Имено, НБМ соопшти дека според основното сценарио економскиот раст ќе биде 3,5 отсто, но според песимистичкото, растот на БДП ќе изнесува 1,6%.

Груевски ЕУ Македонија НБРМ политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.