Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Досие, сите локални избори

15
By Нова ТВ on August 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 28, 2017 16:10

Македонија е на чекор до нови локални избори. Ќе се бираат градоначалници на општини, градоначалник на град Скопје како и советници на локално ниво. Ова ќе бидат шести по ред локални избори организирани во независна Македонија.

Сумирано, според изборните резулати…ВМРО-ДПМНЕ зеде победа во три изборни процеси, додека СДСМ победи во два циклуси.

Во јавноста веќе се лицитира со имињата на идните кандидати. Од она што е познато е дека ДУИ повторно ќе го номинира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево, пишува Порталб во новообјавената анализа.

Не е исклучено дека Андреј Жерновски ќе побара поддршка за уште еден мандат во Центар, иако таму се шпекулираат и други имиња на важни партиски функционери на СДСМ.

Како можни кандидати на власта за градоначалнички позиции се споменуваат имињата на Стево Пендаровски, Дамјан Манчевски, Благој Бочварски, Максим Димитриевски.

Од редовите на опизициската ВМРО-ДПМНЕ не е исклучено на листите да има веќе познати имиња, како Ивица Коневски, Славчо Чадиев и Никола Бакрачевски.

Локални избори 1996 година

На 17.ноември 1996 година се одржаа првите локални избори во независна Македонија. Граѓаните бираа градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје, како и членови на советите на локалната власт и на Советот на град Скопје. Според изборните резултати, на овие избори на општинско ниво победата беша за СДСМ и коалициските партнери.

Имено СДСМ тогаш освои 54 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ 30, а како трета партија по освени градоначалнички позиции беше ПДП, ПДП а и НДП со освоени дури 20 позиции. Овие избори беа обоени со многу нерегуларности, поради што имаше и голем број на поништувања на гласањето во одделни општини.

Локални избори 2000 година

На 10.септември 2000 година, под засилен меѓународен мониторинг, во Македонија се спроведоа вторите по ред локални избори. За разлика од локалните избори во 1996 година, на овие опаѓа бројот на градоначалници на СДСМ.

Имено, во 2002 годината на локално ниво победата ја зеде ВМРО-ДПМНЕ со освоени 59 места, што е скок за 29 нови градоначалнички позиции. СДСМ доби 32 градоначалници и во однос на изборите во 1996 изгуби 22 позиции.

Според бројот на освени градоначалнички места, на трето е коалицијата ПДП-НДП со освени 23 позиции. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ со коалициската ДП настапи со слоганот „За доброто на сите“, додека СДСМ и колициските партии на изборите настапија со „За Македонија заедно“.

Овие локални избори беа оддбележани со тешки инциденти. Во Кондово имаше огена престрелка, во која неколку луѓе беа повредени а еден од нив и почина. Оружјето доминираше и во Дебар, беше повреден човек.

„ Во општина Дебар, гласањето мораше да биде откажано на сите 24 избирачки места што требаше да се одржат поради акти на насилство. Иако, наводно, насилството беше предизвикано од лични аргументи, овие аргументи биле користени како изговор за уништување на гласачките кутии во мнозинството од избирачките места“ – се наведува во Извештајот на ОБСЕ/ ОДИХР посветен на изборниот процес.

Токму овие се сметаат за едни од поконтроверзните, обоени со насилство, уцени и притисоци до гласачите.

Локални избори 2005

Изборниот циклус во 2005 година беше спроевден на 13 и на 27 март. На овие избори за прв пат, на локално ниво како политички играч се појави и ДУИ, партијата на Али Ахмети, која освои градоначалнички места во Гостивар, Дебар, Струга, Тетово, Арачиново, Брвеница, Врапчиште, Зајас, Боговиње, Липково, Осломеј, Теарце и Чаир. На овие избори, кои беа први по спроведената територијална поделба, победата ја зеде СДСМ со освоени 36 градоначалнички позиции додека ВМРО-ДПМНЕ освои 21 градоначалничка фотеља.

Локални избори 2009

Локалните избори во март, 2009 година беа организирани и спроведени заедно со претседателките избори. Локалниот изборен циклус беше вистински дебакл за СДСМ која освои градоначалнички места во Дебарца, Карпош, Куманово, Ново Село, Охрид, Струмица. Бројот на освоени општини се намали за 29 позиции во однос на изборите во 2005 година. За разлика од СДСМ, сегашната најголема опозициска партија зеде победа во 55 општини. На овие избори, во градоначалничката фотеља на град Скопје седна Коце Трајановски. За ДУИ овие избори значеа победа во 14 општини.

Локални избори 2013 година

Овие избори беа спроведени на 24 март и 7 април 2013 година. Се спроведоа во комплексен политички амбиент. Политичката криза, по “црниот понеделник“, 24 декември 2012 година веќе беше почната.

Овие избори на СДСМ и донесоа загуба на четири градоначалнички места, партијата остана со доминација само во Куманово, Струмица, Центар и Ранковце. ВМРО-ДПМНЕ освои позиции во 56 општини, што е за една позиција повеќе во однос на изборите во 2009 година. ДУИ успеа да ја задржи доминацијата во 14 општини.

Сумирано, од досега спроведените пет изборни циклуси на локално ниво, во три победата беше за ВМРО-ДПМНЕ. Сега се одбројува до новите октомвриски локални избори, кои според проценките и очекувањата можат да донесат големи поместувања на политичкита сила на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ градоначалник ДУИ избори локални избори Порталб СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.