НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Општини тонеле во долгови, ама не запреле со нови вработувања

0
By Нова ТВ on January 9, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 120 милиони евра должат општините за неподмирени обврски кон добавувачи, кредити, долгорочни заеми, судски решенија и камати. Новиот ревизорски извештај со наслов „Преземње на обврски и финансиска нестабилност кај единиците на локалната самоуправа“, ја анализира финансиска состојба на локалната самоуправа  за период од 2012 до 2016 година.

За процесот на буџетирање, односно изготвување  и извршување на буџетите одговорен е градоначалникот, а за постапката за усвојување на Буџетот задолжен е Советот на општината, пишува економската анализа на Portalb.mk.

Со извршената ревизија и направените анализи за период од 2012 до 2016 година, Ревизорот констатира дека кај општините карактеристична е состојбата на нереално планирање на буџетите, постоечки, а неевидентирани долгови, блокирани сметки но и општини кои и покрај тоа што тонат во долгови, не запреле со нови вработувања.

Како се полнеле општинските буџети 

Големи отстапувања меѓу планираното и реализираното во буџетската година се констатирани во финансиското работење на општините. Имено, по извршената ревизија, утврдено е дека оваа состојба доминира во подолг временски период од 2012 до 2016 година.

„Кај општините карактеристична е состојбата на нереално планирање на буџетите, односно ревизијата констатира дека има значително отстапување на планираните во однос на реализираните приходи“, се наведува во новиот ревизорски извештај.

Конкретно, на ниво на сите општини во 2012 година на пример, од вкупните планирани буџетски приходи биле остварени само 64%, во 2013 само 61%, а во 2014 биле реализирани 63% од планираните буџетски приходи.

Во 2015 година реализацијата изнесува 65%, а во 2016 година 65%. Важно е што овие позначајни буџетски отстапување не биле надминати ниту со ребаланс на буџетите.

„И по извршените ребаланси на буџетите не се надминуваат состојбите на неусогласеност  на планираните и на реализираните приходи. Има и општини кај кои и покрај минималната реализација на буџетот, не се изготвува и донесува ребаланс на буџетот“, нотира Ревизорот.

Долгови и обврски

Според анализите и податоците објавени во ревизорскиот извештај, од 2012 година до 2016 година, само обврските кон добавувачите се значајно зголемени, за скоро 27 милиони евра. Така, во 2012 сите општини кон добавувачите должеле 55,6 милиони евра, а на крајот на 2016 година долгот пораснал на скоро 82 милиони евра.

Воедно зголемен е и уделот на овие долгови во однос на вкупните буџетски приходи, па така во 2012 обврските кон добавувачите учествувале со 25%, а во 2016 година со 35% во вкупните остварени приходи.

Но, дополнително, Ревизорот посочува и на долгорочни обврски што ги имаат општините по основ на кредити и позајмици. И тука се забележува тренд на раст, па така во 2012 година долгорочните обрски изнесувале 23,5 милиони евра, а во 2016 година 33,6 милиони евра.

Анализирајќи ги вкупните обврски, ревизијата констатирала непоклопување на податоците, односно во одредени години се прикажани помали износи поради ненавремено евидентирање на обврските.

„Несоодветното презентирање на податоците за краткорочните и за долгорочните обврски не е во согласност со одредбите од членот 22 став 5 од Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници“, се наведува во ревизорскиот извештај и се дава препорака градоначалниците да преземат активности за точно, навремено и целосно евидентирање на обврските.

Но, расте и бројот на општини што се соочуваат со извршни судски решенија за исплата на долгови со камати. Така, во 2016 по овој основ, 20 општини  во земјава должеле 4 милиони евра и уште 1.775.000 евра за камата. И во овој дел ревизијата констатира несоодветно презентирање на податоците.

Дополнително, утврдено е дека во однос на роковите за исплаќање на обврските, кај дел од општините не се почитува Законот за финансиска дисциплина.

„Утврдивме дека кај дел од општините не се применуваат одредбите од Законот за финансиска дисциплина по однос на роковите за плаќање на обврските кон добавувачите, а кај општините со блокирана жиро сметка не постојат реални можности за примена на истите“, се вели во ревизорскиот извештај.

Блокирани сметки, нестабилна финансиска состојба

Иако се наоѓале во тешка финансиска состојба и законски биле обврзани да прогласат финансиска нестабилност, дел од градоначалниците не го направиле тоа. Напротив, продолжувале со проекти но и со нови вработувања.

„Ефектот од тоа е понатамошно работење на општината како да не е во состојба на финансиска нестабилност, преземање на нови капитални проекти и инвестиции, зголемување на бројот на вработувања во општинската администрација и унапредување на дел од вработените, основање нови јавни претпријатија, започнување постапки за јавни набавки, што на крај резултира со понатамошно зголемување на обврските и задолжување на општините“, наведува Ревизорот.

Во периодот од 2012 до 2016 бројот на општини се менува, па така во 2012 имало 17 општини со блокирана сметка, во 2013 имало 14 а во 2014 година 11 општини.

Во 2015 биле регистрирани 12 општини со блокирана сметка, во 2016 блокирани биле  14 општини а во 2017 имало 16 блокирани општински сметки. Во овој анализиран период, седум општини во континуитет се со блокирана сметка.

Во 2016 година дури девет општини, иако биле со блокирани сметки, започнале нови проекти но и реализирале нови административни вработувања. Кај општините кои се во нестабилна финансиска состојба, ревизорот забележал дека се карактеристични плаќањата преку цесии, компензации и слично.

буџет долгови економија кредити општина општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.