Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aнкета на НДИ: Економија, антикорупција и јавното здравје се приоритети на гласачите

0
By Нова ТВ on July 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата анкета на јавното мислење во Северна Македонија што ја спроведе Националниот демократски институт (НДИ) пред официјалниот почеток на кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули покажува дека економскиот развој, борбата против корупцијата и грижата за јавното здравје се приоритети за гласачите.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во март, општиот впечаток на јавноста е попесимистичен, при што 44 проценти од испитаниците велат дека земјата се движи во погрешна насока за разлика од претходната анкета (март 2020 година) во која 33 посто од испитаниците се изјасниле дека земјата се движи во погрешна насока. Економијата и животниот стандард воопшто, а особено вработувањето се најважни за една третина од испитаниците.

Приоритет, пак, за друга третина од анкетираните е борбата со корупцијата и останатите реформи во областа на владеењето на правото. Скоро една четвртина вели дека Ковид-19 е нивната најголема грижа.

„Анкетата го отсликува основниот континуитет на јавното чувство уште пред епидемијата со Ковид-19, особено за економскиот развој и антикорупциските реформи“, истакна Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија.

Гласачите, вели тој, аплаудираат за членството во НАТО и најавата за почеток на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), но економските и здравствените грижи кои преовладуваат ги обликуваат нивните приоритети во однос на овие избори.

„Чувствата на гласачите за двете водечки партии/коалиции – СДСМ/Беса и на ВМРО-ДПНМЕ во голема мера остануваат непроменети од почетокот на епидемијата на Ковид-19, со блиски конкурентни нивоа на јавна поддршка (девет проценти од гласачите се неопределени)“, стои во истражувањето.

Гласачите во Северна Македонија точно ги знаат своите приоритети што ќе ги одведат до гласачките кутии. При тесни избори, тие го проценуваат политичкото лидерство и партиските политики поврзани со владеењето на правото и економијата кои им се најважни, истакна Роберт Бенџамин, директор на НДИ-Централна и Источна Европа.

Речиси седум од 10 испитаници велат дека веројатно ќе гласаат. Четириесет и еден процент од сите испитаници изразуваат загриженост во врска со демократските стандарди на изборите, а 46 проценти изразуваат загриженост во врска со здравствените мерки за заштита, но за голем дел од нив оваа загриженост е намалена поради најавените протоколи на Министерството за здравство. Педесет и шест проценти се многу или донекаде загрижени за тоа дека Ковид-19 или дезинформациите во врска со изборите можат негативно да влијаат на изборниот процес.

„Чувството на јавноста е стабилно во однос на Преспанскиот договор од 2018 година, при што 58 проценти го поддржуваат или веруваат дека бил потребен. Една третина е против договорот. Големо мнозинство, речиси 75 посто, го одобрува членството во НАТО и влезот во Европската Унија“, се вели во истражувањето.

НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12 до 21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години. Анкетата е со маргина на грешка од +/- 2.8 проценти и 95 проценти стапка на доверба. Истражувањето и анализата биле спроведени од „Тим Институт“ и Starr Opinion Research во име на НДИ. Податоците од анкетата не го предвидуваат изборниот резултат.

анкета борба против корупција економија Избори 2020 јавно здравје јавно мислење Ковид-19 НДИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.