Author: Biljana

Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши. Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории“, рече градоначалникот на прес -конференција, додавајќи дека „барем една доза“ од вакцината ќе биде потребно за слободен влез. „Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во…

Read More

Пожарникари во Грција не можеа да го спречат исклучително големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина денеска, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство. „Напуштете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија. Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана. Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина. Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, што не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 степени Целзиусови. Во другите…

Read More

Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата. Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер. Оваа температура, освен во Грција, е највисока во Европа измерена вчера.

Read More

Голем број Американци велат дека би биле подготвени да работат за пониска плата, да се откажат од слободните денови или да работат повеќе, само доколку работодавачот им понуди работа од дома, објави Блумберг. Според анкета на социолошката компанија Пулфиш спроведена минатиот месец врз 1.000 луѓе – 65 отсто од американските работници, кои наведуваат дека нивната работа може да се заврши од далечина, се подготвени да земаат пониска плата за да останат да работат од дома. Повеќето луѓе велат дека се подготвени да им бидат намалени платите за најмногу пет отсто, додека 15 проценти од испитаниците велат дека се подготвени да…

Read More

„Платите на наставниците во последните 4 години се зголемени за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари“, информираат од Министерството за образование и наука и додаваат дека зголемувањето е резулат на посветеноста на Владата и на Министерството за достоинственото вреднување на трудот на наставниците. „Со цел да се обезбеди трајна економска и правна сигурност на наставниците, МОН изготви законски измени со кои обезбедуваме континуиран раст на платите на наставниот кадар, согласно зголемувањето на минималната плата во државата. Ова законско решение повеќе од три месеци опозицијата го блокира во Собранието. Пратениците…

Read More

Пратеници и претставници од невладиниот сектор во Собранието на Република Северна Македонија присуствуваа на презентацијата на тема: „Наодите од регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“, во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата. Презентацијата ја спроведе Дамјан Здравев, програмски координатор од „CivilRights Defenders“ од регионалната канцеларија во Белград. Претседателката на ИППГ, Маја Морачанин вели дека последното истражување на јавното мислење, кое било спроведено кон крајот на минатата година, покажало позитивни резултати кои претставуваат значаен исчекор кон унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Македонија. Морачанин за НОВА ТВ вели дека она што…

Read More

Жестока дебата надополнета со недолични коментари и меѓусебни обвинувања, ја одбележа денешната расправа за ребалансот на Буџетот во рамки на 47 седница на Собранието на Република Северна Македонија. Јавниот долг и реализацијата на капитални проекти ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што народните избраници разменија обвинувања на висок тон, а падна и по некоја лична навреда. Интервенираше претседателот на Буџетскиот совет на Собранието, Горан Мисовски кои ги предупреди пратениците дека нивното непримерно однесување ќе биде забележано и пријавено до надлежните собраниски служби. Опозицијата обвини дека прекројувањето на јавната каса е предизборна политичка претстава наменета за делење милостина и…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Охрид го промовираше кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, доктор Кирил Пецаков. Мицкоски презентираше проекти од програмата „Македонија за сите луѓе“, посочувајќи дека прв таков проект ќе биде „мојот данок за мојот проект во мојата општина“. „Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран. И вториот проект кој…

Read More

Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на 44-тата пленарна сесија што се одржува во Кина денеска донесе одлука на Северна Македонија и на Албанија да им се даде дополнителен рок да постапуваат согласно препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО, со што Охридскиот регион не е поместен на Листата Светски културни и природни богатства во опасност. Усвоените измени на нацрт-одлуката предложени од работната група значат бришење на одредбата што предвидуваше поместување на Охридскиот регион на листата загрозени вредности, како и корекции во дел од одлуката со прецизно дефинирани дополнителни рокови за постапување по препораките…

Read More

Со консензус е донесена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културното наследство на нашиот, светскиот Охридски Регион нема да биде впишано на листата на светско наследство во опасност, објави на Фејсбук претседателот на Владата, Зоран Заев. Тој вели дека одлуката на Комитетот е признание за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот Регион, но и најсилно предупредување дека мора да се вложува и постојано да се заштитува охридското, македонското, светското наследство. „Во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими преку својот фејсбук соопшти дека американскиот Стејт департмент ги оценил како транспарентни јавните финансии и буџетските документи. „Министерството за финансии објавува податоци за извршување на буџетот месечно, за движење на јавниот долг квартално, а фискалната стратегија се ажурира годишно. Најзначајните чекори преземени за транспарентноста на јавните финансии се: фискален бројач, календар на даночна регулатива, апликацијата Граѓански буџет, поратлот Отворени финансии, алатката Капитални расходи и алатката за јавен долг“, наведува Бесими. Извештаите за инвестициската клима изработени од страна на Стејт департментот обезбедуваат информации за бизнис-климата на повеќе од 170 економии. „Министерството за финансии и Владата на…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени биле 4133 тестирања и регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19. Најголем број ново заразени има во Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.

Read More