Author: Biljana

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, денеска ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе” ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил. Во попладневните часови, Пендаровски, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре”, каде заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Read More

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, се повлекува од челната функција. Тој информацијата ја соопштил на состанокот на акционерите и најавил дека ќе се повлече на 5 јули, јави Блумберг. Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи. Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services“, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен претседател на компанијата и ќе се фокусира на нови проекти и иницијативи.

Read More

Договор за размена на информации и професионална соработка, потпишаа денеска во Рим, директорите на Медумската информативна агенција – МИА и на Бугарската телеграфска агенција – БТА, Драган Антоновски и Кирил Волчев. Договорот беше потпишан во канцеларијата на делегацијата на Европската Унија во Рим, во присуство на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев. Договорот предвидува размена на информативните сервиси меѓу двете агенции, а согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка МИА и БТА ќе преземат ефективни мерки во размената на информации за да избегнат злонамерна пропаганда и поттикнување насилство, омраза или други слични активности што би…

Read More

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Работиме да постигнеме успех на 22 јуни оваа година во Советот на ЕУ. Цврсто сум убеден во тоа дека ако сега не испорачаме како ЕУ тогаш оваа динамика оваа доверба ќе биде изгубена, порача германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, на прес-конференцијата во Скопје со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. „Се уште не ја прекачивме планината, но знам дека само солидарно и заедно можеме да го направиме тоа. Некој ќе се праша каде беше Европа во…

Read More

„Една од точките која ги содржи португалскиот предлог е историчари од држави членки на ЕУ да се вклучат во работата на Комисијата за историја“, откри претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски кој доцна попладнево во Рим даде изјава за македонските медиуми. „Радев вели ние сега ќе бараме гаранции од ЕУ дали ќе се имплеменира Договорот за добрососедство. Ние немаме ништо против трета страна, ЕУ или ЕК да каже дали договорот оди со добро темпо. Не ни пречи да дојде трет човек од страна и да каже: ни ти, ни ти, ова е вистината. Ние во декември доставувавме акциони планови,…

Read More

По пристигнувањето во Рим, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. „На претседателот Серџо Матарела му пренесов дека Северна Македонија ја цени конструктивната и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во EУ. Нашите две земји ги поврзува традиционално пријателство. Го продолжуваме политичкиот дијалог и ја унапредуваме билатералната соработка во сите области од заеднички интерес“ напиша по средбата Пендаровски на официјалниот Фејсбук профил. На средбата Пендаровски добил ветување дека Италија ќе се заложи,  процесите да се интензивираат за целиот Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија, која предолго чекала…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кејт Брнз, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја. На состанокот е реафирмирано партнерството меѓу Северна Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата. Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот. Во таа насока е пренесена  поддршка од САД за натамошен напредок на Северна Македонија, по НАТО – и во процесот на европските интеграции.…

Read More

Словачка е втората земја-членка на Европската унија што ја одобри вакцината „Спутник В“ од руско производство, која се уште не е одобрена од регулаторот за лекови во Унијата – ЕМА. Словачката Влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, до 7 јуни да ја направи вакцината достапна до граѓаните, пренесе Фена. Словачка има на располагање 200.000 дози од вакцината „Спутник В“, но досега не дозволи нивна употреба. Унгарија досега беше единствената членка на ЕУ што ја користи вакцината „Спутник В“. Американските меидуми потсетуваат дека словачкиот таен договор за набавка на два милиона вакцини „Спутник В“, организиран од тогашниот премиер Игор…

Read More

Владата ќе додели 200.000 М-Смарт картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија, ифмормираше на прес – конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Смарт картичките ќе бидат на располагање за сите српски државјани кои од ќе транзитираат на Коридорот 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година. За оваа намена Министерството за финансии ќе треба да префрли 2.5 милиони евра. Откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, ќе бидат вратени во државниот буџет. „Министерството за внатрешни работи е…

Read More

Четириесеттина вработени во штипската конфекција „Алкон-Текс“ излегоа на протест пред седиштето на компанијата од каде повикаа да им бидат исплатени платите и придонесите за месец април. Се пожалија за притисоците со кои, како што велат, секојдневно се соочувале. Алармираат оти во ек на пандемија, платите им биле намалени иако работата течела со вообичаено темпо. „Работевме во карантин без прекин, луѓето се разболуваа, откази се делеа, а притисокот и мобингот станаа секојдневние. Се регистрираат нови фирми за преку нив старите да се ослободат од вишокот на вработени. Субвенции од државата редовно се земаат ама пари за плати нема “, вели вработена…

Read More

Со шест гласа „за“ судијката Добрила Кацарска денеска беше избрана за нов претседател на Уставниот суд. Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа од вкупно девет уставни судии, со што било постигнато потребното двотретинско мнозинство. Мандатот на Кацарска ќе започне од 2 јуни 2021 година. Таа на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше функцијата од 30 октомври 2019 година. Мандатот на претседателот на Уставниот суд е 3 години, без право на реизбор. За судија на Уставниот суд Кацарска беше избрана на 26 ноември 2020 година.

Read More

Последниот ковид биланс на Министерството за здравство регистрира 46 нови случаи на Ковид 19 и 14 починати пациенти. Осуммина од починатите се од Скопје, по двајца од Гостивар и Кичево и по еден пациент од Куманово и Тетово. Од пријавените, 6 лица починале дома, а останатите 8 во болнички услови. Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања. Регистрирани се и 147 оздравени пациенти. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 1025, по што следат Куманово 235, Охрид со 181 и Битола со 179 активни случаи на Ковид 19.

Read More