Author: Biljana

Папата Франциск денеска покрена иницијатива во која целта е католичките заедници, вклучувајќи ги семејствата, универзитетите и деловните активности, да ги направи еколошки одржливи, изјавувајќи притоа дека „предаторскиот став“ кон планетата Земја мора да престане. Платформата „Лаудато Си“ е именувана по папината енциклика од 2015 година за заштита на животната средина, менувањето на расипничкиот начин на живот, запирањето на глобалното затоплување и заштитата на сиромашните од ефектите на климатските промени. Папата во видео порака кажа дека иницијативата е „седумгодишно патување што ќе покаже како нашите заедници се посветени на различни начини да станат целосно одржливи, во духот на интегрираната екологија“. Во…

Read More

„Воената интеграција на Северна Македонија во НАТО се одвива според планот и се очекува да заврши до крајот на оваа година“, му посочила министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи кој е во работна посета на Република Северна Македонија. Таа се заблагодарила за ангажманот на инженериската единица на Армијата на САД во подготовката на полигонот Криволак за вежбата „Одлучен удар 21“ која деновиве се одвива на полигонот. „Развојот на Криволак е заедничка цел, на која Армијата на Северна Македонија и Армијата на САД работат сојузнички“, рече министерката. Членството на…

Read More

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека е предмет на три нови истраги, додека во последните неколку недели постојано расте притисокот врз неговото движење и приврзаници. Навални на Инстаграм изјави дека е обвинет за проневера на „сите донации“ од неговата антикорупциска организација, за формирање групи „што ги поткопуваат правата на луѓето“ и за навреда на судија на неодамнешното судење. Тој тврди дека во ќелијата биле посетен од инспектор на моќниот Истражен комитет, задолжен за кривични истраги. -Тој ми кажа дека воп нашата мила Русија се водат истраги за три нови случаи. Со нив, исто така, се занимаваат 21 истражител…

Read More

Веќе со децении се обидуваат да ми ги згадат Србија, знамето и химната. Во мое име правеа гадости, а фактот дека тоа „го правеле и други“ ништо не менува. Исчисти прво во својот двор! Го присвоија правото да се нагрнат со нашиот барјак, нивните одвратни влакнести газови да ги замотаат во тробојката, па дури и кога, така замотани, почнуваат да серат и да мочаат по знамето, за набљудувачите од страна тоа е слика на голем патриот кој ги обожава своите национални симболи, а не на кретен кој всушност сере по нив. Ми ја украдоа и кирилицата. Гадости на кирилица, лаги…

Read More

Ова е прва Влада која покажува дека интересот на ученикот е пред сечиј друг и дека децата се нашата иднина. Политичката партија која владееше 12 години постојано наоѓаше изговори зошто да не се подобри, модернизира, осовремени образованието. Затоа нашите деца денеска на меѓународните тестирања се најдолу на листите и тоа е поразително за нашата држава, изјави министерката Мила Царовска, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир. „Поддршката е огромна. Но, сакам да апелирам партиските тесни, лични интереси да се тргнат настрана од образованието. Во моментов може да се види дека имаме опозиција којашто не…

Read More

Со одлука на Уставниот суд ќе биде укинат ставот 3 од членот 163 од Законот за банките, според кој приоритет во стечајната постапка имаат побарувањата на Фондот за осигурување на депозити. Уставниот суд постапуваше по иницијатива на Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи”. Ставот 3 од членот 163 од делот на Законот за банки кој се однесува на стечајна постапка гласи: „Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“. Иницијативата до Уставниот суд ја поднесе Здружението на оштетени физички и…

Read More

„Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието“, велат во соопштение од Министерството за образование и наука. Промените мора да се случат, сметаат од МОН, а новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот. „Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со…

Read More

Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“. Наградата за најдобра репортерска фотографија и е доделена на фоторепортерката Арбнора Мехмети за фотографијата на тема „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“ објавена во „Слободен печат“. Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“. Наградите…

Read More

„Ќе го разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји со приоритет кон западниот Балкан и Северна Македонија“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, јави дописничката на МИА од Брисел. Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Северна Македонија. Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка. Денешниот и…

Read More

Интензивирање на дијалогот со Северна Македонија ќе биде главен приоритет на бугарската Влада, најави новиот министер за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара. „Прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји“, рече министерот Стоев.…

Read More

Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три на седум отсто. Ова го покажува најновото истражување на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош и отежнат пристап до здравствени услуги се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата, во првите шест месеци од пандемијата со КОВИД-19. Просечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година била намалена за 338 денари, но кај осум отсто…

Read More

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се најсоодветно решение за оние граѓани кои нема да развијат антитела по примена втора доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Ваков став сподели за НОВА, епидемиологот Драган Даниловски. Тој вели дека не е погрешно овие лица да примат и трета доза од истиот производител, но подобро би било тоа да е некоја од помодерните вакцини произведени врз база на мРНА технологија. „Впрочем, таква можност наговестуваа неодамна и официјални претставници од компанијата ‘Синофарм’. Според мене, повеќе држи тоа да биде ‘Фајзер’ или ‘Модерна’, зашто тоа се вакцини со висока имуногеност, а тоа е потребно кај…

Read More