Author: Biljana

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија, кои се најдоа под притисок на илегалната миграција, денеска побараа неколку акции за зајакнување и заштита на надворешните граници на блокот, јави Бета. Министрите на Грција, Полска, Италија, Австрија и Франција, која во моментов претседава со ЕУ, учествуваа на конференција за гранична безбедност во Вилнус со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Тие рекоа дека зајакнувањето на границите на ЕУ и борбата против шверцерите со луѓе ќе ги заштити граѓаните на ЕУ и животите на мигрантите и бегалците од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа преку…

Read More

Министерот за здравство Беким Сали попладнево изјави дека болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто. Тој исто така испрати апел до граѓаните вакцинацијата да продолжи. „Во постоечките болници исполнетоста е од 55 до 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, преземаме мерки за подготвеност и за во текот на идната недела“, изјави Сали. Тој напомена дека навремено преземаат мерки за анализа на состојбата и за исполнетост на болниците. Додаде дека се уште сме далеку од…

Read More

Преговорите меѓу САД и Русија во ќорсокак. САД и Русија денеска не постигнаа значителен напредок во преговорите за украинската криза, но сега се на „појасен пат“ кон разбирање на ставовите на другата страна, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева. Блинкен изјави дека денешниот разговор со Лавров бил „искрен и значаен“ и додаде дека тој презентирал неколку идеи на Вашингтон за зголемување на безбедноста и за тоа во кои области двете страни можат да најдат заеднички јазик. „Не очекувавме дека денеска ќе има некои големи придвижувања, но верувам дека…

Read More

За оваа мерка деновиве апелираа голем број лекари. Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19 од десет дена да се намали на седум дена, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали кој рече дека денешната седница на Комисијата била одржана на негова иницијатива. „Секако врз основа на следењето на трендот на одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, одлуката на Комисијата е изолацијата од десет дена да се намали на…

Read More

АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Како што појаснија од Поштата, филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта. „Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда. Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност…

Read More

Два случаи на Омикрон 2, што е подваријанта на Омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L се откриени во Грција, кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација. Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение обаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот Омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот. Додават дека од новата подваријанта недостига “S-gene drop out” што се користи за откривање на Омикрон со молекуларните тестови и затоа ΒΑ.2 или 21L се карактеризира како подгрупа „stealth“, но и дека…

Read More

Зголемување на безбедноста во сообраќајот и проекти за нови сообраќајници, бараат од Иницијативата „Шанса за Центар“.  „Бараме најитно да се активира автоматскиот систем за следење и казнување во сообраќајот во Скопје, бараме решенијата за зголемување на безбедноста во сообраќајот да ги третираат најранливите и нивните потреби, а проектите за нови сообраќајници да ја имаат безбедноста како носечка компонента вклучувајќи инфраструктурни бариери и успорувачи на брзини“. Вакви барања преку отворено писмо испратија од Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, испратено до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, Собранието и градоначалничката на Град Скопје, а по вчерашната сообраќајна незгода во која животот го загуби…

Read More

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, регистрирани се 1172 нови случаи на Ковид-19, а направени биле 4.021 тестови. Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница –…

Read More

На состанокот се разговарало за реализација на инфраструктурните проекти поддржани од ЕБОР. Изградбата на Коридорот 8 останува врвен приоритет на оваа Влада, посочил министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска оствари работен состанок со Анди Аранитаси, претставникот на ЕБОР за Република Северна Македонија и со претставници на Банката од Лондон. На состанокот се разговарало за реализација на инфраструктурните проекти што се работат со финансиска поддршка на ЕБОР, информираа од Министерството за странство. Министерот Бочварски ги запознал претставниците на Банката за изградбата на железничката пруга на Коридорот 8, финансирана од ЕБОР, притоа потенцирајќи дека напролет започнуваат со изградба првата…

Read More

Цврстата позиција на Грција, Северна Македонија и Албанија да ги одржат првите меѓувладини конференции со ЕУ, ја повтори шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговата колешка од Косово Доника Грвала-Шварц. Дендиас рече дека разговорите биле фокусирани на европската перспектива на регионот, ситуацијата на Западен Балкан, можностите за енергетската соработка, како и на билатералните односи,  јави дописничката на МИА од Атина. „Ја повторив цврстата посветеност на Грција за интеграција на Западен Балкан онаму каде што припаѓа, во европското семејство, потенцирајќи ја цврстата позиција за организирање на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија“, рече Дендиас. Говорејќи за…

Read More

Како важна тема, Петков го повторил транспортното поврзување меѓу двете земји. Мораме да го исполниме поголемиот дел од задачите што не се завршени, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред денешниот состанок на Советот на министри, коментирајќи ги односите на Бугарија со Република Северна Македонија. Петков, како што пренесува БТА, потврдил дека во вторник на 25 јануари ќе биде одржана заедничка владина седница на Бугарија и Северна Македонија во Софија. „Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Нема да губиме ниту минута за да ги претвориме овие ставови во вистински резултати“, изјави Петков. Како важна…

Read More

Министерот за Здравство, Беким Сали оствари средба со претставниците на УНИЦЕФ во Северна Македонија. На средбата се дискутирало за тековните активности на УНИЦЕФ, со посебен осврт кон активностите на Националниот стратешки план, но и за Ковид 19, како и околу темите кои се однесуваат на комуникацијата за вакцините против Ковид 19. „Националниот стратешки план е составен од меѓународни и домашни експерти и тој покрива стратегии и активности кои имаат за цел поддршка на вакцинацијата, перцепцијата на опасноста, како и спречување на COVID-19. Исто така, според овој план, се настојува детектирање на секундарното влијание на услугите од здравственото секојдневие, во образованието,…

Read More