Author: НОВА ТВ

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти, додека во Скопје 473 позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство. – По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациент позитивен и суспектен на Ковид19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58…

Read More

Македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир преку вонредно соопштение  се обрати до верниците и почитувачите на манастирот, во врска со богослужбата за Света и Велика Пасха. -Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита, стои во соопштението. Се додава дека во контекст на ова, а и поради фактот што препорачаниот капацитет на…

Read More

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од  ИПАРД  2 програмата. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони. – Нови погони за производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како…

Read More

Италија ја достигна целта поставена од Владата во Рим во настојувањата да ја интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што може да администрира половина милион вакцини на ден до крајот на овој месец, соопшти министерот за здравство Роберто Сперанза. – Вчера администриравме 500.000 дози вакцини, напиша министерот на Фејсбук. Во исто време, тој им се заблагодари на мажите и жените вработени во националната здравствена служба и сите институции за големите напори и тимската работа. – Вакцината е вистинскиот начин да се излезе од овие месеци кои беа толку тешки, додаде Сперанза.

Read More

Германската група Querdenker го води движењето против рестриктивните мерки во Германија. Querdenker во превод значи „латерални мислители“ што би требало да имплицира дека оваа група луѓето мислат на креативен или оригинален начин. Во овој случај тоа значи неверување во Корона вирусот, спротивставување на рестриктивните мерки и други теории на заговор. Шефовите на германските разузнавачки служби ставаат под набљудување делови од протестното движење Querdenker кое е против локдаунот и останатите мерки околу Корона вирусот во Германија. Германските надлежни органи сметаат дека оваа група има врски со други крајно десничарски движења. Властите ги наведоа врските помеѓу движењето Querdenker и екстремно десничарското Reichsbürger…

Read More

Еквалис, невладината организација која се залага за еднакви права и еднаквост во пристапот до образованието организираше акција пред Министерството за труд и социјална политика по повод 1ви Мај. Еквалис го напиша следново на нивниот Фејсбук профил: Секојдневието на работничките е неуморна борба за основни човекови права и родова еднаквост. По повод 1ви Мај, Денот на работничките права, утрово, младите од Еквалис спроведоа јавна акција пред Министерство за труд и социјална политика, со цел да ги потсети релевантните субјекти дека состојбата со работничките права е критична и дека, дополнително на тоа, родовите аспекти се важен фактор којшто мора да се земе…

Read More

Во соопштение од владата од денешната седницата изјавуваат дека е утврден е нов закон кој ќе има многу позитивен ефект врз трансродовата заедница во С.Македонија. Транс или трансродова личност е за лице чиј пол назначен при раѓање не се совпаѓа со нивниот родов идентитет. Луѓето со небинарен родов идентитет исто така може да се идентификуваат како трансродови особи. Соопштението за овој Предлог-закон гласи вака: „На предлог на Министерството за правда на денешната седница е утврден Предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и…

Read More

Претседателката на Европската Комисија Урсула вон дер Лајен изјави дека ЕУ државите би сакале да ги примат американските туристи кои се имаат вакцинирано ова лето, но Politico пишува дека со оваа изјава вон дер Лајен само пробува да ги стигне европските држави кои веќе имаат вакви планови. На пример, Хрватска и Грција, две ЕУ членки чија економија се потпира многу на туризмот, веќе објавија дека се отворени за патници во САД; Исланд, кој е дел од без визната Шенген зона на ЕУ го изјави истото. Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис веќе има изјавено дека Грција ќе ги отвори нејзините…

Read More

Виктор Орбан, крајно десничарскиот премиер на Унгарија, повторно се меша во институциите на високо образование во неговата држава. Вчера унгарскиот парламент, каде Фидез, партијата на Орбан, која има двотретинско мнозинство, изгласа пакет на закони кои ќе поставуваат фондации преку кои владата би можела да ги контролира универзитетите и културолошките институции. Предлог-законот, кој беше подготвен од заменикот на премиерот Виктор Орбан, вели дека универзитетите треба да се реорганизираат и да се водат од фондации, бидејќи современите услови бараат „повторно размислување за каква улога треба да има државата“, а фондациите наводно би управувале со институциите поефикасно. Промената е всушност финансиска, но може…

Read More

Сојузот на Средношколци на РСМ реагира на лажните вести за бојкот на наставата поради дигитализацијата на учебниците. Сојузот го пишува следното: РЕАКЦИЈА ПО ЛАЖНИОТ БОЈКОТ НА „СРЕДНОШКОЛЦИТЕ“ / REAGIMI PAS BOJKOTIT TË RREMË TË “NXËNËSVE” Гледајќи ги многуте написи по медиумите кои велат дека средношколците организираат бојкот на наставата поради дигитализацијата на учениците, Сојузот на средношколци објаснува дека средношколците не организираат никаков бојкот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста. Сојузот никогаш не организирал ниту пак повикал на бојкот поради дигитализацијата на учебниците. Најпрвин, мораме да кажеме дека нема потреба од такви појави. Дигитализацијата на учебниците се однесува…

Read More

Глобално распространетиот QAnon феномен е стигнат до С. Македонија и го шират најразлични луѓе. Еден од нив има популарен Фејсбук со псевдонимот Мајк Тајсон (“Majk Tajson”) кој на своите постови се попишува со буквата Q. Тајсон многу јасно промовира QАnon теории на заговор, неточни информации за Корона вирусот и вакцините, како и лажни вести за колку всушност луѓе биле присутни на протестот во неделата организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ по повод годишнината на 27ми април, 2017, односно „крвавиот четврток“. Еден од неговите постови гласи вака: „25.04.2021 Протест,Скопје ,Македонија ❤ Q 40 000 луѓе“ Иако не е јасно точно колку луѓе…

Read More

За „N1info“, Сања Соврилиќ го пишува за следното за наводниот нон-пејпер за Косово: Германскиот амбасадор на Косово, Jерн Роде, денес изјави дека таканаречениот француско-германски „нон-пејпер“ објавен од медиумот „Коха Диторе“ е лажна вест. “Можеби има таков документ, но тој сигурно не е француско-германски. Ние целосно го поддржуваме дијалогот меѓу ЕУ и Мирослав Лајчак, како што повтори германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Приштина минатиот четврток”, напиша Роде на Твитер. Коха Диторе ја објави содржината на наводниот нон-пејпер, во кој се вели дека „Косово и Србија ќе ги почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет и ќе има автономен регион…

Read More