Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Социјалистичката партија (ПС), која всушност има социјал-демократска ориентација, на сегашниот албански премиер Еди Рама е моментално во водство. 55% од избирачките места беа обработени денес и за сега партијата на Рама има освоено 50,5% од гласовите што би значело дека ПС би добиле 75 места во албанскиот парламентот од вкупно 140 места. Ако по броењето на сите гласови, овие резултати останат слични, тогаш премиерот Рама ќе може да си обезбеди уште еден мандат како лидер на Албанија. Тоа би било третиот мандат на Рама како премиер и би било нешто што ни еден албански политичар не го достигнал до сега.…
На своите профили на социјалните медиуми, Скопје Прајд пишува: „Лезбејка е убав збор“, а од лезбејско-феминистичката група ЛезФем го пишуваат следното по повод денешниот датум: Денес го славиме Денот на лезбејската видливост! Последиците од пандемијата не одминуваат никого, но проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат. Неминовно е да се спомене дека лезбејската заедница и пред пандемијата живееше во социјална изолација и се соочуваше со низа предизвици, почнувајќи од економски проблеми, преку губење на работните места, до дополнителна маргинализација. Голем дел од девојките беа приморани да се вратат во нивните хомофобични домови и да поминуваат време во незаштитена, дури и опасна…
Нови рекордни бројки на Корона вирус случаи се регистрираат скоро секој ден во последната недела. На 22ри април, во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 беа смртни случаи, што беше рекордна бројка до тогаш. Сега оваа бројка е уште повисока: во последните 24 часа се забележани 352.991 нови инфекции и 2.812 смртни случаи – највисокиот еднодневен скок досега. Во Индија моментално има 17.3 милиони активни Корона случаи. Здравствените системи на некои места во државата се пред колапс, а во главниот град Делхи има голем недостиг на кислород. Како резултат на оваа кризна ситуација луѓето складираат…
На српскиот портал Нова.рс го пишуваат следното за новиот статус на марихуаната во Србија: Српскиот министер за здравство Златибор Лончар објави дека од вторник во Србија ќе ја отстрани марихуаната од списокот на наркотични средства и дека веќе се работи кон таа цел. Нашите соговорници, директорот на Институтот за општа и физичка хемија и член на Управниот одбор на Здружението за коноп, д-р Стеван Благојевиќ и Милош Симиќ од Иницијативата за легализација на марихуаната, се согласија дека е потребно да се усогласат препораките на ООН со српското законодавство за да медицински цели и дека нема страв од легализација на канабисот…
Во напис посветен на С. Македонија за шпанскиот медиум „El Pais“, Мигел Фернандез Ибањес пишува за нашата држава од еколошка перспектива, зборувајќи за како зголемената стапка на градежништво предизвикува негативни ефекти врз природата во земјата. Фотографиите на Мигел Фернандез Ибањес можете да ги видите на овој линк. Ибањес има опис за секоја од неговите единаесет фотографии и го пишува следното во својата фото-репортажа за Македонија: Без робусна економија, малата балканска земја избра да се прошири со зајакнување на градежниот сектор. Изградбата на мега-проекти и куќи, сепак, има катастрофални последици. Воздухот во земјата е загаден и места, како околу Охридското Езеро…
Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето реагираше по епизодата на емисијата “Моја Сторија” каде се дискутираа теми релевантни за ЛГВТИ заедницата во С.Македонија: Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето го осудува хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза кој се појави во јавноста по емисијата “Моја Сторија” на МРТВ. Говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето го повредува нивното достоинство, креира застрашувачка и непријателска средина, оневозможува да живеат слободно и без предрасуди, а многу често директно може да придонесе кон зголемувањето на насилството и делата од омраза мотивирани од сексуалната ориентација или родовиот идентитет…
Во недела вечерта прв пат се слушна голема вест во светот на фудбалот: формирањето на Европската Супер Лига. Веќе во понеделникот имаше остри реакции од политичари на различни страни на политичкиот спектар, фудбалски регулатори и фанови на тимовите. Во вторникот имаше протести против Супер Лигата организирани од страна на фановите, како на пример протестот на фановите на англискиот фудбалски тим Челси пред стадионот Стамфорд Бриџ во Фулхам. По негативни реакции од сите страни, вторник вечерта се повлекоа клубовите Манчестер Сити и Челси од новоформираниот проект и потоа останатите 4 англиски клубови – Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем – исто…
Истражувачи од британскиот Универзитет Оксфорд заедно со научници од африканската држава Буркина Фасо стигнаа до неверојатно откритие: вакцина против маларија која има многу повисока ефективност од сите вакцини до сега откриени против оваа смртоносна болест. Новата вакцина, која се тестираше на група од 450 деца во Буркина Фасо, покажа одлични резултати кога научниците направиле повторна проверка по 12 месеци. Во оваа група вакцината покажала ефикасност од 77% што е многу повисока отколку сите други вакцини кои до сега биле развиени против оваа болест. На пример, вакцината што беше дистрибуирана како дел од пилот програмата за парцијална имунизација на деца во…
Во последните 24 часа во Индија се регистрирани најголемиот број Корона случаи било кога во светот. Во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 се смртни случаи – просекот на смртни случаи оваа недела во Индија беше 1,648 дневно што значи дека смртноста сега е значајно зголемена. Рекорден број случаи кој стигна блиску до денешниот број беше достигнат само во САД на 9ти Јануари, 2021 кога беа регистрирани 278,920 случаи во еден ден. Иако бројките во Индија се екстремно високи, сепак треба да се напомене дека Индија е држава со 1.366 милијарди жители, а САД е…
Животите на повеќето луѓе несомнено се променија за време на последната година од Корона. Многумина почнаа да работат од дома, скоро сите образовни институции се префрлија на платформи за онлајн учење, пристапот до кафулиња и места за социјализација драстично се намали, како и можноста за среќавање во затворени простори. Нормално, сите овие рестрикции беа и дел од нив сѐ уште се на сила поради општото јавно физичко здравје, особено здравјето на постарите луѓе и луѓето со хронични болести. Но, овој нов и до сега невиден начин на живот имаше и сѐ уште има големи последици по менталното здравје на многу…
Најавени се претседателски избори во Сирија следниот месец на 26 мај, но многумина се скептични околу колку всушност може овие избори да се демократски. По 10 години од граѓанската војна во Сирија во која беа дирекно или индиректно вклучени различни светски сили како САД, Русија и Турција, во мај треба да се случат избори по втор пат за време на војната. Хамуда Сабаг, спикерот на народниот совет на Сирија најави дека изборите ќе се одржат на 26ти мај и дека потенцијалните кандидати за изборите ќе можат да се регистрираат од понеделник, додека Сиријците во странство ќе можат да гласаат во…
Сѐ уште многу малку се знае за руската разузнавачка агенција ГРУ, иако се смета дека оваа малку позната организација има играно важна улога во немирите во Украина, како и неуспешната претседателска кампања на Хилари Клинтон. Кратенката за агенцијата значи „Главна управа за разузнавање“ и постои уште од времето на Советскиот Сојуз. На многу луѓе – особено тие кои живееле за времето на Студената Војна – им е позната друга руска разузнавачка агенција КГБ (Комитет за државна безбедност). Со падот на Советскиот Сојуз во 1991, оваа агенција практично колабираше заедно со сојузот, но истото не важи за ГРУ. Сепак историјата на…