Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
До денеска 60 отсто од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19. Само во последните две недели биле вакцинирани четири милиони лица. -Заедно ќе го победиме вирусот. Продолжуваме!, порача претседателот на Франција Емануел Макрон, кој се наоѓа во посета на Пацификот, во Француска Полинезија, објавувајќи дека е надминат прагот од 40 милиони вакцинирани луѓе. „Дури 40 милиони Французи примија барем една доза вакцина или речиси 60 отсто од населението“, напиша Макрон на својот твитер профил.
Филипинката Хидилин Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми на Игрите во Токио и со тоа на својата земја и го донесе првото олимписко злато во историјата. Филипинските спортисти до Олимпијадата во Токио имаа освоено вкупно 10 медали, но ниту еден златен. Во својот четврти и најверојатно последен настап на Олимписките игри, во историјата се запиша 30-годишната Дијаз која крена вкупно 224 килограми и го освои златниот медал со нов олимписки рекорд. Сребрениот медал го освои Лиао Квијун (223), додека бронзениот медал и припадна на Зулфија Чинсханло од Казахстан (213).
Во новоизградениот специјализиран Дневен центар во село Оризаре, 38 деца со интелектуална попреченост од 2 до 14-годишна возраст од општината Липково ќе бидат подготвувани за соодветно вклопување во редовниот образовен систем. Подготовката ќе ја врши стручен тим составен од рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт. Министетството за труд и социјална политика информира дека целта на предвидената индивидуална, групна и окупациска терапија на децата со попреченост е тие од најрана возраст да стекнат и да развиваат вештини за секојдневниот живот. -Децата ќе ги учат навиките за исхрана, хигиена и за одржување на сопственото здравје, но ќе стекнуваат и…
Поранешниот вицепремиер, Красимир Каракачанов на социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше на ставот на лидерот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, кој при обраќањето во Народното Собрание денеска кажа дека треба да се најде решение за проблемот со Република Северна Македонија. Каракачанов на него му порача да молчи кога е во прашање Македонија. – Националниот интерес на Бугарија е едноставен. Тој е Македонија да ја знае и запомни бугарската основа. Ова е историска вистина и им дава слобода на луѓето во Македонија, кои сакаат да живеат со вистината, а не со лага наречена „македонизам“. Каков друг интерес може да има освен вистината…
САД и Германија постигнаа договор за рускиот гасовод „Северен поток 2“, ставајќи крај на несогласувањата околу тоа прашање, објави „Вашингтон пост“. Според договорот, Германија се согласила да инвестира во инфраструктурата за украинската зелена технологија, а САД – да ги прекинат своите напори за блокирање на гасоводот, пишува весникот. Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, и според руски и германски медиуми, двајцата соговорници разговарале за можно продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за транзит на гас.
Мароко денеска се закани со судски тужби против оние кои ја обвинуваат власта дека го користела израелскиот софтвер Пегаз за шпионирање новинари, активисти и политичари. Властите во Рабат повторно категорично ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи ги како лажни и неосновани, при тоа потенцирајќи дека ќе започнат „судска постапка во Мароко и во странство против секој што ќе ги преземе таквите лажни обвинувања“. Мароканската Влада и во понеделникот и денеска ги демантираше информациите дека е меѓу земјите што користеле шпионски софтвер истакнувајќи оти ја осудува кампањата на „лажните и злонамерните медиуми“. Францускиот весник „Монд“, член на медиумскиот конзорциум, во вторникот објави дека францускиот…
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на трибина од скопски Карпош најавува просечна плата од 750 евра, односно 45.000 денари. Мицкоски најави и формализирање на тргувањето со криптовалутите и имплементирање на „Blocкchain“ технологијата. Ова тој го најави н а трибина во скопската општина Карпош при промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“. – Наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја којашто ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала. Некаде околу половина…
Само претходната недела регистрирани се повеќе од 3,4 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот, што е за 12 проценти повеќе од претходната седмица, соопшти Светска здравствена организација. СЗО проценува дека за три недели вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата ќе надмине 200 милиони. Моментално, бројот на заразени се зголемува најбрзо во Западен Пацифик и во Европа. Додека Британија, Индонезија, Индија и САД, се едни од земјите во кои има најмногу нови случаи на коронавирусот. СЗО забележува дека опаѓа бројот на смртните случаи, кои изминатата недела во светот се регистрирани 57.000 смртни случаи како последица…
Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоски, не се согласува локалните избори да се одржат на 31 октомври годинава, како што бара СДСМ. Мицкоски вечерва изјави дека избори не се тема којашто се зборува на како што вели зелен пазар, туку е тема што ја дефинира Устав. Тој вели дека треба да се применува Уставот. – Ако уставот вели дека мандатот на градоначалниците и на советите е 4 години, тогаш после 4 години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначаници и советници. Така што ова не треба да биде тема за дневна политика. Јасен е УСатвот, како…
Јордан Камчев поради лоша здравствена состојба со возило на брзата помош утрово е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев, тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор. Адвокатскиот тим на Камчев соопшти дека за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Камчев повторно се пожалил на нив на влошена здравствена состојба. – Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во…
Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ) е револтирана од извештаите дека над 180 новинари – вклучително и на Гласот на Америка (ВоА) и Радио Слободна Европа (РСЕ) наводно биле мета на софистициран шпионски софтвер од воена класа, соопшти УСАГМ. – Таргетирањето на приватни разговори на новинари е неприфатливо на кој било начин. Оваа злоупотреба мора да престане, а новинарите мора да бидат заштитени, изјави вршителката на должност извршен директор на Агенцијата за глобални медиуми, Келу Чао. Преку софтверот „Пегаз“ на изреалската компанија НСО се шпионирале и стотици активисти. Главен таргет биле политичари, однсно шефови на држави и премиери. Софтверот може…
Главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев изјави дека во државата има промена во трендот на ширење на Ковид-19. Тој вели дека се зголемуваат новозаразените случаи и оти сега секое трето лице е заразено со делта сојот. Според него, овој месец постепено ќе се зголемуваат случаите, а во август многу побрзо. Меѓу земјите, кои ги наведе тој, а моментално имаат најмногу заразени се оние кои во летниот период се атракитивни туристички дестинации, како Кипар, Шпанија, Португалија и Грција. „Во моментов, на 14 дневна основа, случаите во Бугарија се 141 на еден милион луѓе, во Велика Британија има 8.300, а…