Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мароко најави тужби за сите кои ги обвинуваат дека го користеле шпионскиот софтвер „Пегаз“

0
By НОВА ТВ on July 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 22:11

Мароко денеска се закани со судски тужби против оние кои ја обвинуваат власта дека го користела израелскиот софтвер Пегаз за шпионирање новинари, активисти и политичари. Властите во Рабат повторно категорично ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи ги како лажни и неосновани, при тоа потенцирајќи  дека ќе започнат „судска постапка во Мароко и во странство против секој што ќе ги преземе таквите лажни обвинувања“.

Мароканската Влада и во понеделникот и денеска ги демантираше информациите дека е меѓу земјите што користеле шпионски софтвер истакнувајќи оти ја осудува кампањата на „лажните и злонамерните медиуми“.

Францускиот весник „Монд“, член на медиумскиот конзорциум, во вторникот објави дека францускиот претседател Емануел Макрон е на списокот на потенцијални цели на шпионажа преку Пегаз. Според тие информации, за тоа наводно е одговорна мароканската служба за безбедност.

Претходно, Вашингтон пост објави дека мароканските безбедносни служби во 2019 година ги следеле претседателот на Европски Совет, Шарл Мишел, додека ја извршуваше функцијата премиер на Белгија. Но, мароканските служби ги следеле и кралот Мохамед Шести и премиерот Саад ал Дин ал Османи.

Макрон бил шпиониран преку „Пегаз“, тој не е таргет – тврдат креаторите на софтверот

Мароко Пегаз тужби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.