Author: Ivana

Денеска пристигнуваат 100 илјади вакцини на АстраЗенека, донација од соседна Грција, најави Министерот Венко Филипче кој учествуваше на отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од страна на Црвен Крст. Тој соопшти  дека денеска ќе бидат подготвен распоредот по кој ќе се изврши теренското вакцинирање, потенцирајќи дека акцент ќе биде ставен на руралните средини, особено во Шуто Оризари, како и во другите рурални места во другите градови. Апелираше  граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат, бидејќи веќе од понеделник сите пунктови ќе бидат отворени и ќе може да се вакцинираат сите оние кои сакаат…

Read More

Кога го чествуваме Блаже Конески, ние ја чествуваме убавината – преку неговата уметност, потоа високата морална свест и супериорноста на разумот, знаењето и доблеста како и највисокиот степен на еманципација, ја чествуваме извонредноста во работата и работната етика. Ги чествуваме човечноста, толеранцијата, ширењето на културата на мирот и, конечно, љубовта кон својата земја, оти само преку таа љубов, но во комбинација со темелното знаење, и Блаже станал (не патриот), туку граѓанин на светот – истакна министерката за култура, Ирена Стефоска, на промоцијата на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусиот запис за животот и делото на…

Read More

Премиерот Зоран Заев во обраќање на конференцијата на „Економист“ во Атина ја истакна важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно. Премиерот ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас. „Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се на Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за…

Read More

Министерството за економија ја објави листата на хотели каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година. Целосната листа можете да ја видите ТУКА

Read More

Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, истакна Министерката за труд и социјана политика, Јагода Шахпаска по официјалната вечера на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и Западен Балкан. Состанокот се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија а министерката имаше неформална средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ. Шахпаска ја истакна вербата и очекувањето дека Република Словенија за време на претседателствувањето со Европската Унија уште повеќе ќе придонесе за конечно придвижување на Северна Македонија во нејзиниот интегративен процес и поскоро одржување на првата…

Read More

Олимписките игри во Токио, како и натпреварите во блиските префектури Саитама, Чибе и Канагава ќе се одржат без гледачи, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“. Оваа одлука сè уште не е официјално објавена. Церемониите на отворање и затворање на Игрите исто така ќе се одржат без гледачи. Одлуката за одржување на Олимпијадата без гледачи ќе биде донесена на состанокот меѓу шефот на МОК, Томас Бах, шефот на ИПЦ, Ендру Парсонс, олимпискиот министер Тамај Марукава, гувернерот на Токио, Јурико Коике и Сеико Хашимото, шефот на организацискиот одбор на Олимписките и параолимписките игри во Токио. Состанокот е во тек. За потсетување, денес беше…

Read More

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која судот го одби како несоновано тужбеното барање за клевета на поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев, против заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Од кабинетот на Николовски брифираа дека Основниот граѓански суд Скопје, утврдил дека Николовски не го наклеветил Делев и не постапувал злонамерно кон личноста на тужителот Делев. -Во судската постапка, е утврдено дека Делев не успеал да ја докаже автентичноста на сите изјави изнесени од Николовски, кои се предмет на тужбеното…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.  На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани.   Со последните бројки 54 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  52 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, 47 %…

Read More

Вакцинацијата е единствениот начин да стигнеме до колктивен имунитет, порача денеска Министерот за здравство од Охрид, каде беше промовиран Проектот за реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во „Св. Еразмо“. На прашањето дали министерот би го вакцинирал своето дете, Филипче одговори позитивно. – Во некои од западноевропските земји вакцинирањето го воведуваат како задолжително каде што доколку децата не се вакцинираат, нема да бидат примени во училиште. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината, но децата треба да се вакцинираат како би се стекнал колективен имунитет, рече Филипче. Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, а ќе се дозволи…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска го прими поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, стана збор за новата реалност за Северна Македонија и за регионот откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО. Премиерот Заев го истакна членството во НАТО како остварување на стратешката цел на земјата која го дефинираше геостратешкото место на Северна Македонија во регионот и на меѓународен план, како…

Read More