Author: НОВА ТВ Balaban

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле санкционирани 105 возачи. Од изречените 105 мерки, за брзо возење биле казнети 27 возачи, 10 за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 за непрописно паркирање.  -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Read More

Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации. Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција како реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“. Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е…

Read More

На ден 18/19.12.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово. Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати 6 лица без сертификат за вакцинација и 2 лица без документи за идентификација. Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени 2 угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени 5 глоби на 5…

Read More

На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат, соопшти Царинската управа. Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Северна Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград. Царинската управа наведува дека македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното. Штом патникот…

Read More

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана, информираат од Владата. Утре се одржува официјалниот дел од програмата во рамките на која ќе се потпишат неколку билатерални и мултилатерални договори. Меѓу нив, Договор за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Договор за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Договор за соработка во ветерината, безбедноста на храната, храната за исхрана на животни…

Read More

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1. Регистриран e 261 оздравен пациент од: Скопје…

Read More

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за измените и дополнувањата за Законот за работни односи со кое недела станува ден за одмор за 92 отсто од сите работници, а останатите осум отсто да добиваат повисоки дневници за ден недела, соопштија денеска од СДСМ. Со негласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците. По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту се грижи за граѓаните, ниту за работниците, дека за нив најважен е личниот и партискиот интерес. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај опструкциите го донесе законот и останува партнер на работниците, продолжува со носење…

Read More

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Северна Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за  работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор. „Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по  изгласувањето на Законот за работните односи, со кој се утврдува недела како неработен ден. Министерката Шахпаска рече дека со ова…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, информираат од  Град Скопје. На средбата се разговараше за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје. На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година, соопшти РКЕ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг. Oва значи дека и во наредните седум дена цената на Еуросупер БС-95 ќе  изнесува 73 денари за литар, а…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата, Бојан Маричиќ, утрово се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, важни за реформите и евроинтегративниот процес на државата. Претседателот Ковачевски се заблагодари на постојаната поддршка од Европската унија и истакна дека како новоизбран претседател на СДСМ и иден претседател на Владата пред себе има поставено неколку приоритети во работата, ефикасност на институциите, решавање на предизвиците со енергетската криза и пандемијата, реализација на економски реформи, неселективна борба против корупцијата кои ќе доведат до повисок…

Read More

Царовска истакна дека наставата со физичко присуство, која се спроведува од септември како најпосакувано од трите подготвени сценарија, покажува одлични резултати. Тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период и нема потреба од негово поместување, бидејќи состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна, оцени денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. Таа нагласи дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со омикрон и ако во други сектори се донесат други, драстични рестриктивни мерки, МОН тогаш има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и, заедно со Комисијата за заразни болести, ќе донесе одлуки што ќе бидат во…

Read More