Author: НОВА ТВ Balaban

Нашиот патрон, светиот Климент Охридски, преку чие учество во Божјата благодат и преку чие молитвено сеќавање и застапништвото за нас ние постоиме како Црква и како народ, советува да оставиме добар спомен на земјата, за да пристапиме добро кон небесата. Црковно-народното чествување на светиот Климент Охридски, патронот на мајката Македонска pравославна cрква, и годинава, веќе по традиција, со сношната Празнична вечерна и со духовната академија во Богословијата започна, за, еве, денес да продолжи на Богословскиот факултет, со научен симпозиум, чијашто средишна тема овојпат е христијанското учење за сеќавањето, за помнењето, за споменот. Ова денеска го истакна архиепископот охридски и македонски…

Read More

На денешен ден, 7 декември, во 1993 година, почина академик Блаже Конески. „Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив“, објави министерката под стиховите на Конески. Министерката за култура, Ирена Стефоска, на нејзиниот Фејсбук профил сподели видео со стиховите од песната „Обврска“ на академик Блаже Конески, по повод 28-годишнината од неговата смрт. „Сфати ја со сета сериозност оваа обврска, уште посилна дека заемна: и без да го знаеш досега тоа ние сме се задолжиле да го чуваме споменот еден за друг.…

Read More

Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247…

Read More

На тендерот се пријавиле компании кои ќе произведат 207 мегавати електрична енергија, со премиум тарифа. Потребна е добра подготовка, поволни кредити и избор на успешни форми. А ова требало да се направи многу порано, така да енергетската криза немаше да биде со ваков интензитет. Наместо да се троши на рајски градини, фасади што паѓаа на посилен ветар, не се изгради ниту еден сериозен енергетски објект, рече Заев  „Соларен парк Стипион“ ќе се гради на 452 хектари во Штип и е стратешки  проект којшто ќе се реализира со водечката француска компанија „Акуо  енерџи“. Владата донесе одлука за стратешки инвестициски проект, инвестицијата…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот договор со Алтернатива со којшто се обезбеди стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада со влезот на оваа партија во извршната власт. Премиерот Заев ги запозна лидерите од коалицијата со деталите од договорот со Алтернатива, како и со содржината на документот Основни начела за надградба на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија кој треба да се допрецизира и појасни со цел да стане составен дел од новата владина програма. На средбата од страна…

Read More

Вкупно 218 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот се санкционирани изминатата недела од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје. – Во периодот од 29 ноември до 5 декември 2021 година, со помош на специјалните возила – „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство – „блокатор“ санкционирани се 113 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ПОЦ. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваат на почитување на…

Read More

САД соопштија вечерва дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот. Претседателот Џон Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот за на тој начин да изрази критика на состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“. -Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатско или официјално претставништво на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи…

Read More

Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, вечерва  истакна дека американската администрација силно ѝ се заблагодарува на Македонија за силната посветеност на земјата кон НАТО. -Се надевам дека ќе ја продлабочиме соработката. Исто така, се надевам дека во многу брзо време ќе влезете во ЕУ. Заслужувате да бидете дел од европскиот блок. Завршивте неколку добри реформи што ве квалификуваат за да го почнете процесот, наведе Ескобар во интервју за емисијата „360“. Во врска со политичките турбуленции и најавената оставка на премиерот Заев, Ескобар посочува дека која било Влада во Македонија, ако го продолжи досегашниот пат на земјава, ќе продолжи…

Read More

„Ние во Њујорк решивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој си заминува од функцијата кон крајот на годината. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември,  доколку сакаат да одат на работа. Вработените во јавниот сектор веќе мораат да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе се прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември. „Ние во Њујорк решивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој си заминува од функцијата кон крајот на годината. „Го имаме…

Read More

Мислам дека на Македонија во овој момент не и се потребни вонредни парламентарни избори. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири пратеници. Останува еден од БЕСА и четворица од Алтернатива, што сметам дека е пристојно парламентарно мнозинство, рече Петковски. Заврши тричасовната средба на премиерот Зоран Заев со партиите од  владината коалиција на која тој ги информирал за деталите од договорот за влегување на Алтернатива во Владата. Тито Петковски, претседател на НСДП по средбата во изјава за медиумите рече дека разговарале за тоа што како коалиција треба да направат за земјава да не се втурне во…

Read More

Нивото на невработеност е помало од 16% , а во 2017 беше 24% . Минималната плата од 9 се искачи на 15,200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија, рече министерот Крешник Бектеши, гостувајќи на емисијата „Топ тема“. Тој најави дека минималната плата по Нова година ќе се зголеми на 18.000 денари. – Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22,23 илјади, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор… Само мининалната плата е зголемена за 100% за 4 години, колку што…

Read More

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ каде ја презентираше програмата и визијата за СДСМ. На средбата присуствуваа и членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Тој истакна дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите. „Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Секој член и поддржувач да ја врати довербата во партијата. Да го разбереме незадоволството и причините и да се менуваме“, истакна Ковачевски. Тој…

Read More