Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Францускиот премиер Жан Катекс изјави дека бродската несреќа е „трагедија“, додавајќи дека загинатите се жртви на „криминален шверц“. Најмалку 30 мигранти денеска загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Велика Британија, соопшти француската полиција. Мигрантите од Франција заминале кон Велика Британија со брод кој потонал недалеку од францускиот град Кале. Францускиот премиер Жан Катекс изјави дека бродската несреќа е „трагедија“, додавајќи дека загинатите се жртви на „криминален шверц“. „Моите мисли се со многуте исчезнати и повредени жртви на криминални шверцери кои ја злоупотребиле нивната ситуација“, рече Катекс. Француските и британските власти спроведуваат голема…
Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. Во врска со информациите изнесени во јавноста во однос на надлежностите на Царинската управа на Република Северна Македонија при контрола на влез и излез на возила и превозници кои вршат меѓународен слободен превоз на патници, како и за постапувањето по конкретниот случај, Царинската управа информира: Согласно член 49 од Законот за превоз во патниот сообраќај, при вршењето…
И двата лава имаат и симптоми на болеста, а вирусот бил потврден во брисот земен од носот и од изметот. Сега се тестираат и други животни со коишто чуварот бил во контакт. Лавовите Лео и Ајана во Зоолошката градина во Загреб се заразени со коронавирусот. Тие се заразиле од чуварот кој се грижел за нив, пренесуваат медиумите во регионот. И двата лава имаат и симптоми на болеста, а вирусот бил потврден во брисот земен од носот и од изметот. Сега се тестираат и други животни со коишто чуварот бил во контакт. Во Европа имаше повеќе случаи на заразени животни.
Нoвата шведска премиерка, Магдалена Андерсон, поднесе оставка по падот на владата – само неколку часа по назначувањето, откако Владата ја напушти нејзиниот коалициски партнер од Зелените. И буквално, неколку часа по нејзиниот избор, идната премиерка на Шведска – и првата жена лидер на нацијата – Магдалена Андерсон си поднесе оставка на функцијата, откако гласањето за буџетот, коешто помина во тензична атмосфера, ја турна шведската влада во криза. Партијата на Зелените ја напушти Владата откако беше изгласан буџетот на опозицијата. #UPDATE Sweden’s parliament on Wednesday elected Social Democratic party leader and current Finance Minister Magdalena Andersson as the country’s first…
В петок Зоран Заев ќе ја ефектуира партиската оставка, пренесе „Фокус“. Седниците на високите партиските органи, Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, требаше да се одржат вчера, но тие беа одложени поради несреќата во Бугарија во која загинаа 45 патници, а во земјава на сила е тридневна жалост, заклучно четврток. По овој процес во СДСМ треба да стартува процедурата за внатрепартиски избори, на кои ќе се избере идниот претседател на СДСМ, кој според Заев треба да биде и премиер. Неофицијално еден од можните наследници на функцијата е Димитар Ковачевски, кој го придружуваше Заев на лидерската средба со Африм Гаши. Според…
Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски. Притоа, напоменуваме дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата Беса Транс БТБ, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив. По официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата Беса Транс БТБ, кое уествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за…
На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во бунар во с.Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од с.Кукуречани. Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола.
При пад од автобус на ЈСП, со тешки телесни повреди се здобила патничка од Скопје. Во извештајот на полицијата, на 23.11.2021, во 12.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Јане Сандански, во автобус на ЈСП, управуван од И. Б. (52) од Скопје, паднала патничката С. А. (61) од Скопје. С. А. добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје
АД ЕСМ ги осудува обидите на опозициската партија да го прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција, особено ако тоа било во време кога политичката структура не дозволуваше способни и професионални лица да напредуваат или да се вработат на соодветно место без да имаат соодветна партиска припадност. Управниот одбор на АД ЕСМ на состанокот одржан на 23 ноември донесе Одлука за назначување на вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Битола на Пеце Матевски и вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Осломеј на Стојан Мицоски, соопштија…
За да ја примите вакцината против коронавирус во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување без фотографии. Маж од Словенија ги собори сите рекорди во примањето на вакцина против ковид-19, примајќи неверојатни 23 дози. Зад неговиот рекорден број на примени вакцини не стои страв од инфекција, но, како што пишуваат словенечките медиуми, вакцините за пари ги примал во име на други луѓе. За да ја примите вакцината против коронавирус во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување без фотографии. Ова не е единствениот случај, бидејќи порталот „Свет 24“ претходно објави информација за Словенец кој шест пати…
За раѓање на второ и трето дете, Вучиќ потсети дека досега правило било за второ дете помошта од две години следува 10.000 денари месечно, за трето дете 12.000 динари месечно 10 години, а за четврто 10 години 18.000 динари месечно. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги претстави новите демографски мерки, од кои прва е зголемувањето на финансиската поддршка на семејствата за првороденото дете од 100.000 на 300.000 динари (2.500 евра). Вучиќ откри дека се договорени мерки за поттикнување на наталитетот во Србија како дел од демографска политика. – Полека исчезнуваме како народ, не има се помалку, а податоците покажуваат…
Формите на заштита на климата сочинуваат голем дел од коалицискиот договор. Трите партии поставиле цел постепено да се укине употребата на јаглен до 2030 година, а 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори до оваа година. Олаф Шолц ќе ја предводи трипартиската коалиција, со широки планови за транзиција на Германија кон зелена економија. Таков договор постигнаа социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, со што, конечно, ќе заврши 16-годишното владеење на Ангела Меркел, јавува Би-Би-Си. Договорот на трите партии е постигнат речиси два месеца откако социјалдемократите победија на сојузните избори. Формите на заштита на климата сочинуваат голем дел од коалицискиот…