Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во денешната изјава за медиумите кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, истакна дека доколку ја добие довербата на бутелчани, Бутел ќе добие нова поликлиника, нова полициска станица, противпожарен пункт, уредување на кејот на река Серава, нов плоштад, две нови градинки и многу повеќе за сите граѓани. -За разлика од Смилевски кој гарантира бетонизирање на Бутел, ние гарантираме два нови големи паркови, едниот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, гледано спрема Радишани од левата страна и другиот над населбата Радишани, над третиот влез, посочи Костовски. Тој истакна дека општина Бутел мора да добие нова поликлиника и гарантираше дека истата ќе биде…
Пред бомбата во дворот, Бајрам добивал предупредувачки видео пораки во кои маскирано лице испраќа закани по неговиот живот и семејството и да се откаже од локалните избори. Во дворот на семејната куќа на Габриел Бајрам, кандидат за советник на Град Скопје, синоќа била фрлена бомба кашикара. -На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се…
Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис. Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на 05 и 06 октомври 2021 година, вторник и среда, ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република. На 05 октомври 2021 година, вторник, претседателот Пендаровски во Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, ќе биде пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Сакеларопулу и пленарен состанок на делегациите на…
Во разговор со жителите, Филиповски истакна дека за овој дел се предвидуваат повеќе инфраструктурни активности: реконструкција на улица „2“, нова водоводна мрежа на ул. „12“, како и изградба на нова сала за реонското основно училиште „Гоце Делчев“. Кампањата на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром продолжи со садење на нови дрвја во Долно Лисиче. Филиповски, заедно со кандидатите на советници од СДСМ и коалицијата организираа еко – акција, со цел да ја подигнат јавната свест за заштита на животната средина. Во програмата „Најдоброто за Аеродром“ предвидено е и садење на повеќе од 5.000 висококвалитетни дрвја рамномерно по сите…
Најмладиот починат од ковид-19 вчера е пациент од Прилеп на 52 години, а најстарите се двајца заболени од Скопје и Кочани на возраст од 83 години. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип,…
Противпожарната служба навела дека никој друг не настрадал во падот на авионот во близина на метро станицата Сан Донато Миланезе, гратче пред Милано. Шест лица загинале денеска откако мал авион се забил во празна двоспратна зграда во предградието на италијанскиот град Милано, соопштија италијaнските медиуми. Новинската агенција Ла Прес цитира пожарникари на местото на несреќата дека пилотот и сите пет патници загинале, а нивната националност се уште не е позната, пренесе АП. Противпожарната служба навела дека никој друг не настрадал во падот на авионот во близина на метро станицата Сан Донато Миланезе, гратче пред Милано. Од службата додаваат дека неколку…
Во СВР Струмица било пријавено дека во Стар Дојран во апартман од вила починала Д.Ќ.(25) од Скопје. Таа во изнајмениот апартман пристигнала околу 12.00 часот заедно со С.Т.(25) од Скопје. На 02.10.2021 околу 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Стар Дојран во апартман од вила починала Д.Ќ.(25) од Скопје. Таа во изнајмениот апартман пристигнала околу 12.00 часот заедно со С.Т.(25) од Скопје. Од итна медицинска помош Гевгелија потврдена е смртта без знаци на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата…
Одлуката на Врховниот суд дојде по жалбата на Агенцијата за приходи против вработена во луксузен хотел на островот Сардинија, која е обвинета за неплаќање данок, откако заработила 83.650 евра од бакшиш за една година. Врховниот суд на Италија донесе одлука вработените во угостителството да плаќаат данок на бакшиш, што се смета за дел од приходите на работниците, поради што подлежи на оданочување, пренесува rtv.rs. Одлуката на Врховниот суд дојде по жалбата на Агенцијата за приходи против вработена во луксузен хотел на островот Сардинија, која е обвинета за неплаќање данок, откако зарабоОдлукататила 83.650 евра од бакшиш за една година. Судот се…
Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата, одигра Баскет на игралиштето на бул. Св. Климент Охридски во општина Центар со Венко Филипче, потпретседател на СДСМ, поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, носителката и членка на листа на советот Андријана Будимир и Едина Муса, под тренерска палка на Јани Макрадули и младите на ЛК СДММ Центар. Промоцијата на спортот е еден од клучните фактори за зачувување и одржување на здравјето на нашите граѓаните. Спортот треба да се применува од најрана па до длабоко зрелата возраст преку активни пешачења. Знаејќи ги бенефитите од одржувањето на физичка активност,…
Принцот Филип, војводата од Единбург, почина на 9 април оваа година во замокот Виндзор во Англија. Имаше 99 години и беше сопруг на кралицата Елизабета Втора 73 години. Кралицата Елизабета за првпат во јавноста зборуваше за нејзиниот починат сопруг, принцот Филип, по неговата смрт. Имено, кралицата отпатува во Шкотска на свеченото отворање на парламентот во Единбург, и им се обрати на пратениците во парламентот, пишува Daily Mail. „Денес е ден кога можеме да ги прославиме оние што дадоа извонреден придонес во животот на другите луѓе во Шкотска, локално или национално, за време на пандемијата„ Ковид-19. Веќе зборував за мојата длабока…
На претстојните локални избори во Советот на Град Скопје мораме да внесеме што повеќе слободумни граѓани, порачаа од иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ), која настапува со независна советничка листа на претстојните локални избори. Носителката на листата, Драгана Велковска, на заедничка прес-конференција со независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, рече дека „Скопје е пред крстопат, бидејќи во претстојниот мандат ќе се носи новиот Генерално урбанистички план (ГУП)“. – Скопје е пред крстопат, со носењето на Генералниот урбанистички план (ГУП) во претстојниот мандат ние ќе знаеме дали ќе имаме или ќе немаме град, и тоа не смее да се носи во раце…
На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, од машката категорија прв до целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, со што го сруши македонскиот рекорд и го постави новиот рекорд на Виз Ер Скопскиот маратон, второто место го освои Младен Стеванович, со време од 02:34:54, а на третото место се најде Давид Перлич, кој патеката ја истрча за 02:38:26. Во раните утрински часови, над 6000 тркачи навестија прекрасен ден и ги исполнија скопските улици со позитивен дух, спортска енергија и безброј насмевки. Под специјален протокол за заштита од Ковид-19, се одржа 17тото издание на Виз Ер Скопски маратон.…